Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Беџети: Шест месеци мајтап со јавноста за Законот за правична застапеност; Мицкоски: ќе има Закон за правична застапеност, јас лично ќе го извадам овде и ќе го бранам

0
By Marija Todorovska on April 24, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинувања кон Владата и Министерството за администрација за несериозност и одолговлекување со донесувањето на законот за правична застапеност упати пратеникот Блерим Беџети од пратеничката група Европски фронт во рамки на пратеничките прашања на денешната седница на Собранието. Констатираше дека и по шест месеци ветувања за законот којшто произлегува од амандамнот 5 во Уставот, тој сѐ уште не е донесен.

Излегуваат заменици премиери од оваа Влада и велат дека имаат работни групи, но ниту еднаш не кажаа кој работи во тие групи. Има еден пристап на мајтап со јавноста за носењето на Законот, бидејќи беше во предизборната програма на оваа влада, а за да се тргне балансерот. Немаме никаква информација и како пратеници, и како Собрание, но и како јавност до каде е ситуацијата со овој закон, дали е формирана работна група, кога ќе биде донесен и така натаму. Треба да се почитува духот на Охридскиот договор и да се каже, бидејќи Владата има владина програма, во кој месец ќе биде, бидејќи и Изет Меџити и Арбен Фетаи се изморија кажувајќи ќе биде овие две недели, не овој четврток, другиот четврток, ова веќе стана хумор, рече Беџети.

Во отсуство на министерот за администрација, одговор на пратеничкото прашање даде премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека балансерот бил укинат по предлог од претходната Влада во која учестувале и министри од ДУИ, а информираше дека законските одредби се подготвуваат и ќе бидат донесени.

Законот е готов уште минатата година, пред шест месеци, но за разлика од тоа време кога вие бевте министер за правда, законите треба да бидат согласно Уставот. За да не ни се случи повторно да паднат на Уставен суд и повторно вие да излегувате тука и да ги злоупотребувате чувствата на Албанците, да испраќате политички пораки. Можам да ви кажам дека ќе има Закон за правична застапеност, јас лично ќе го извадам овде и ќе го бранам, ќе биде уставен и ќе гарантира вистинска правична застапеност на сите етнички заедници. Нема да ги правиме грешките од минатото кога се носени закони без да се гледа уставноста, коишто денеска ви оставаат простор за политички тези, наместо да излезете и да им се извините на Албанците зошто се носени политички половични решенија, истакна Мицкоски.

Во второто прашање на пратеникот Беџети до премиерот Мицкоски тој се интересираше до каде е постапката околу враќањето на претходно уставно име на државата и како Владата ќе се справи со високите царински тарифи од САД .

Мислам дека ретко кој го користи терминот Северна и сите го користат името Македонија и со тоа уште едно изборно ветување и исполнето. Дури и од СДСМ, во говори, во општеството, сите зборуваат за Македонија. Да, Северна ќе остане како спомен на едно лошо време кога вие го распродадовте мојот македонски идентитет, a мојот македонски јазик го преговаравте. Тоа е теза од вашиот поранешен коалициски партнер дека ние ќе го вратиме името, еве го вративме и овде се зборува за Македонија. Околу тарифите сте ги преспале, сега се 10 проценти, а не е 33 и во соработка со Соединетите Американски Држави, Македонија ќе биде меѓу ретките земји во светот којашто ќе ја има најниската царинска тарифа и пониска нема да има, додаде Мицкоски.

Околу договорот со Бугарија премиерот нагласи дека нема промена на ставот на Владата, и повтори дека непринципиелно е од другата страна на границата да се оспорува правото на македонското малцинство за регистрирање невладина организација, а да се бара бугарската заедница од оваа страна на границата да биде конститутивен народ во Уставот.

Беџети закон за правнична застапеност Мицкоски пратенички прашања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.