Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бегалската криза во Европа низ бројки: кој и каде бара азил

0
By Нова ТВ on September 4, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Несомнено бегалската криза периодов достигна невидени размери, но кризата “се крчкаше“ многу поодамна. Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), 3.200 луѓе загинале во медитеранските води во 2014 година. Во првата половина на 2015 пак, речиси 2.000 ги изгубиле своите животи во водите.

На глобално ниво, до крајот на 2014 година, бројот на луѓе кои поради воените конфликти, протерувањата, или поради прекршување на човековите права биле приморани да ги напуштат своите домови, изнесува 59.5 милиони.

Германија, Унгарија, Франција, Италија и Шведска се земјите кои бегалците најмногу ги посакуваат за свое прибежиште.

Во првите четири месеци во 2015 година, земјите-членки на Унијата пријавиле, севкупно 242.075 барања за азил. Што е за 80 отсто повеќе од истиот период минатата година. Од нив најдрастична промена има во Унгарија.

Се работи за регионална криза, прашањето е само дали ЕУ има волја и ресурси да ја надмине.

Сиријците и Косоварите содржат околу 40 отсто од вкупниот број на баратели на азил во првите четири месеци во 2015.


Германија примила околу 40 отсто од вкупно пресметаните барања во првата третина од 2015 година, додека Унгарија, Франција, Италија и Шведска заедно примиле 39 отсто.


Мнозинството од барателите на азил се мажи на возраст од 18 до 34 години, но значително се зголемувал бројот на малолетници во 2014 година.


Во однос на тоа како стигнувале до земјите, речиси 78 отсто од мигрантите ги поминале морските води, најчесто Сиријци кои се обиделе да поминат преку источниот и централниот дел на Медитеранот. Кон крајот на 2014 година набрзо кризата се прошири на Западен Балкан, каде голготата бегалците ја почнува од Турција, преку Грција, Македонија и Србија за да стигнат до Унгарија, а оттаму во Германија или Австрија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.