Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бејли: Апсурдни се приказните за дестабилизација на земјата

0
By Нова ТВ on July 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 7, 2016 18:31

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска реагираше на обвинувањата дека САД се обидуваат да ја поткопаат стабилноста на Македонија.

– Ние во Американската амбасада во Скопје често гледаме приказни во медиумите за теории на заговор и обвинувања дека САД се мешаат во домашните работи во Македонија и преземаат акции за дестабилизирање на земјата. Веруваме дека повеќето граѓани во Македонија, исто како и ние, ја препознаваат апсурдноста на ваквите приказни, се вели во соопштението, како одговор на обвинувањата за наводна инволвираност на нивни вработени и програми во ова.

– Ние сме многу отворени во однос на нашите програми и ангажман. Во последните 15 години, Американската Влада помогна со повеќе од 55 милиони долари за развој на капацитетите на македонските судови, судии, обвинители, адвокати на одбраната и на полицијата за тие да ја извршуваат својата работа професионално, транспарентно, ефикасно и со кредибилитет. Повеќе од 600 судии, 300 јавни обвинители, 150 адвокати на одбраната и повеќе од 2.000 припадници на силите за безбедност имаа корист од овие напори, истакнува амбасадорот Бејли, објаснувајќи ја досегашната поддршка на САД преку Амбасадата и соодветни програми за владеењето на правото во Македонија.

Според Бејли, актуелната политичка криза во Македонија поттикнала обвинувања за злоупотреба на власта и за можно криминално однесување, во комбинација со обвинувања за мешање на извршната во судската власт и во работата на обвинителствата.

Тој во писмената изјава потсетува  дека лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија се согласиле, а Собранието едногласно прифатиле создавање на нова независна институција, Специјалното јавно обвинителство.

– Без разлика дали СЈО ќе биде успешно во спроведувањето на непречени, непартиски, како и професионални истраги со целосна поддршка од сите институции, тоа ќе биде вистински тест за владеењето на правото во оваа земја. Со оглед на клучната улога во воспоставување на правна одговорност, САД го поддржуваат СЈО со обука и со помош, исто како што им помагавме на македонскиот судски систем, Јавниот обвинител и на полицијата од независноста на Македонија. Овој ангажман е одраз на нашата длабока посветеност на владеењето на правото за да им помогнеме на луѓето во Македонија да се реши актуелната криза, да се развијат силни демократски институции и да се тргне напред кон членство во Европската Унија и во НАТО. Таа посветеност останува цврста, истакнува Бејли.

Москва пак денеска уште еднаш дека се огласи со став дека протестите на опозицијата во Македонија се доказ за подготовка за уште една „обоена револуција“ на Балканот.

Агенцијата ТАСС ја пренесе изјавата на портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова дека „се подготвува теренот за да се испровоцира уште една ’обоена револуција‘ овој пат во Македонија“.

– Ние нагласуваме дека практиката за немешање во внатрешните работи е со длабоки корени на Балканот. Искористени се добро разработените шеми на агресивното малцинство кое е платено од странство, изјавила Захарова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.