Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши-Донмез: Ќе се зголемува соработката во енергетиката помеѓу Северна Македонија и Турција

0
By Mirjana on February 5, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија и Турција ќе потпишат меморандум за соработка во областа на енергетиката што ќе придонесе за зголемување на соработката помеѓу двете земји, размена на искуства и поддршка во делот на гасификацијата на земјата. Тоа го договориле министерот за економија, Крешник Бектеши и неговиот колега, министерот за енергетика на Турција, Фатих Донмез на билатералната средба во рамки на Осмиот Министерски состанок на советодавниот совет за Јужниот гасен коридор кој што се одржа во Баку, Азербејџан.

На средбата на која присуствувал и директорот на „Национални енергетски ресурси“ АД, Бајрам Реџепи, двајцата министри разговарале за можните правци за развој во полето на енергетиката земајќи ги во предвид движењата на енергетските политики во светски и европски рамки, како и енергетската криза.

-Министерот информираше дека две турски компании се во конкуренција за избор на фирма која што по пат на јавно приватно-партнрство ќе ја гради дистрибутивната гасоводна мрежа во државата. Процесот е во последна фаза и до крајот на годината треба да биде избрана компанија.Двајцата министри се согласија дека Турција и Северна Македонија имаат традиционално одлична соработка на енергетски план и изразија надежи дека во иднина оваа соработка да се продлабочи, информира Министерството за економија.

Во рамки на Министерскиот состанок во Баку, Бектеши оствари неформална средба и со министерот за енергетика на Република Бугарија, Александар Николов. Со него размениле мислење за реализација на заеднички енергетски проекти, пред се, за интерконективното гасно поврзување на Петрич и Струмица, како дел од процесот на продлабочување на економската соработка помеѓу двете соседни земји.

Бектеши во Баку имал и неформална средба со европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон со која разговарале за плановите и иневстициите за развој на енергетскиот сектор во Северна Македонија, пред се за инвестициите за гасно поврзување во регионот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЈА УНАПРЕДУВААТ ЕНЕРГЕТСКАТА СОРАБОТКА МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

ВЕСТИ October 11, 2025

Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во…

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.