Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши ги повика турските компании да инвестираат во Северна Македонија

0
By Нова ТВ on February 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за економија Крешник Бектеши во рамки на официјалната посета на Турција, имаше средба со претставници на Унијата на комори и стоковни берзи на Турција (ТООБ), како и со претавници на Асоцијацијата на градежници на Турција и со одделни стопанственици.

Министерот Бектеши на средбата со Али Копуз, потпретседател на ТООБ истакна дека Северна Македонија и Турција имаат долгогодишни цврсти односи и пријателски чуства. И покрај тоа што билатералната трговијата меѓу двете земји во континуитет расте, има голем простор трговскиот обем да порасне уште повеќе. Информираше дека со цел да се подобри трговската соработка веќе е започната постапка за ревидирање и надградување на Договорот за слободна трговија меѓу двете земји, соопшти Министерството за економија.

– Сакаме да упатиме порака до стопанствениците дека како пријателска земја, како Влада ќе направиме се за да ги подобриме условите за зголемување на соработката, како и за влез на нови турски инвестиции во земјата. Сакаме да направиме нов Договор кој ќе значи дополнително зголемување нашите билатерални односи, кажа Бектеши по средбата во ТООБ.

На средбата Митхат Јенугун, претседател на Асоцијацијата на градежници на Турција министерот ги презентираше сите поголеми инфраструктурни проекти кои се предвидени да се реализираат во Северна Македонија во наредниот период и ги повика градежните компании од Турција да аплицираат на тендерите кои ќе бидат објавени. Турските градежни компании традиционално се едни од најприсутните на македонскиот пазар.

– Северна Македонија е мала земја, но има голем потенцијал. Во наредниот период ќе бидеме насочени кон изградба на неколку инфраструктурни проекти како што еи патничкиот и железничкиот дел од Коридорот 8, работиме забрзано на изградба на гасоводниот систем во државата за што две турски компании се во трка за изградба на дистрибутивната мрежа. Сакаме да поттикнеме уште поголема соработка со турските компании, истакна Бектеши.

Во рамки на официјалната посета во Турција, министерот ја посети турската компанија „Гиришим Електрик“ која работи на изградба на фотонапонска електрана од 10 мегавати во Осломеј.

Менаџментот на компанијата го информираше министерот дека фотонапонската електрана ќе биде пуштена наското, а беше разговарани и за зголемување на нивните инвестиции на македонскиот пазар во повеќе полиња.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.