Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Министерството за економија ќе додели 3.555 ваучери за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи

0
By Marija Todorovska on February 9, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Министерството за економија согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во 2024 година ќе доделува потврди-ваучери за одмор на овие категории на граѓани. Јавниот повик ќе биде објавен во понеделник на 12 февруари, а сите работници кои имаат ниски приходи ќе може да аплицираат за ваучер-потврда во вредност од 18.000 денари, објави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Како што кажа министерот, главната цел на оваа мерка за која и изминатите години имаше голем интерес е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.

„За оваа мерка се обезбедени средства во износ од 64.000.000 денари (околу еден милион евра) односно ќе се издадат вкупно 3.555 потврди-ваучери за одмор за работници со ниски приходи. Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари”, кажа Бектеши.

Според министерот Бектеши, потврдата за одмор на работници со ниски приходи ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страната на Министерството за економија.

„Потврдата за одмор на работници со ниски приходи ќе може да се искористи од моментот на добивање до 30 јуни 2024 година и од 15 септември до 01 декември 2024 година”, кажа министерот.

Како што кажа министерот за учество на Јавниот повик работниците со ниски приходи – баратели до Министерството за економија треба да достават:

  • Барање кое ќе може да ги најдат на веб-страната на Министерството за економија или во Архивата на Министерството;
  • Потврда од работодавецот за висината на исплатена плата и извод од банка за последните три (3) месеци за подносителот и на членовите на потесното семејство;
  • Потврда од Агенцијата за вработување со која се докажува дека членовите на потесното семејство не се вработени;
  • За членовите од семејството кои се над 18 години и се средношколци или студенти се доставува потврда од образовната установа;
  • Фотокопија од лична карта и извод од матична книга за него и семејството;
  • Доказ за членовите на потесното семејство (Извод од матичната книга на венчаните, потврда за развод или посмртница за член од семејството);
  • Изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци заверена на нотар.

Барањата со комплетна документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, на ул. „Јуриј Гагарин” 15, Скопје најкасно до 29 Февруари 2024 година.

Министерот Бектеши исто така информираше дека денеска е краен рок за аплицирање за хотелите кои сакаат да примаат гости со ваучери за одмор.
 „Оваа мерка во минатото даде видливи резултати. Бројот на домашни туристи во континуитет се зголемува во последните години а бројот на ноќевања веќе и го надмина бројот на странски туристи”, потенцираше министерот.
Бектеши ваучер за туризам ранливи категории на граѓани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.