Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши од понеделник очекува поевтинување на горивата

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека од понеделник цените на нафетните деривати ќе се намалат.

„Може да биде малку поскапо од Србија, од другите не верувам дека е поскап и дизелот. Денеска во Собрание најверојатно би требало да се усвои законот за ДДВ и законот за акцизи, а имајќи ги предвид и вчерашните цени на берзата и цената пред два дена, очекувам согласно анализите од утре, а многу е важно да се наведе дека веќе од понеделник ќе имаме не поевтини цени од регионот, но значително поевтини цени“, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.

Во врска со амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, министерот нагласи дека секој предлог би требало да се разгледува, но и дека треба да се образложи зошто нешто се предлага, какви би биле фискалните импликации и како тоа би можело да влијае.

Тој и порача на опозициската партија дека сега не е време за политикантство и натпревар.

„Сега ние нема да направиме натпревар кој ќе излезе на телевизија и ќе каже колку треба да биде намалувањето. Еве на пример, тие кажале 50 отсто, сега да излезат пратеници или партија која е дел на мнозинството да каже 100 отсто. Ова не е време за натпреварување. Ова не е време за политикантство. Ова е време за носење одржливи одлуки кои ќе бидат во интерес на потрошувачите, во интерес на граѓаните, со цел да влијаеме врз намалување на цените. Прво и основно, кога се откажуваме од акцизите и од ДДВ, ние не се откажуваме од Буџетот на државата. Тој буџет е буџет на граѓаните на Северна Македонија и тие пари кои треба да бидат во приходната страна на Буџетот кои се на граѓаните ние ги носиме кај граѓаните за да нема ценовни шокови за нив“, потенцира Бектеши.

(Извор: МИА)

Горивата Крешник Бектеши СОБРАНИЕ РСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.