Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белата куќа: Русија подготвува анексија на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје

0
By НОВА ТВ Balaban on July 20, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според неговите зборови, Русија се подготвува и да ја воведе рубљата како валута и да го принуди населението да поднесе барање за државјанство.

Русија се подготвува да анектира украинска територија и има намера да назначи нелегитимни и функционери што ѝ се блиски во подрачјата под своја контрола, соопшти Белата куќа.

Повикувајќи се на разузнавачки извори, портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби кажа „Ова ќе ги опфати окупираните региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје. Сакаме тоа да му биде јасно на американскиот народ. Владимир Путин го подготвува сценариото од 2014“.

Според неговите зборови, Русија се подготвува и да ја воведе рубљата како валута и да го принуди населението да поднесе барање за државјанство. Како што тој додаде, Русија се обидува и да преземе контрола врз ТВ-репетитори.

Кирби информираше и дека САД во следните денови ќе најават нов пакет оружје за Украина, што се бори со руските сили во источниот дел на земјата. Тоа би бил шеснаесетти пакет по ред.

Коментирајќи ја посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Техеран, Кирби нагласи дека се покажува колку Русија се изолирала.

Тоа беше прво патување на лидерот на Кремљ надвор од границите на поранешниот СССР, откако Москва на 24 февруари изврши инвазија врз Украина.

Минатата недела, САД тврдеа дека имаат информации што покажуваат дека Иран се подготвува да ја снабди Русија со неколку стотици дронови, в клучувајќи и некои што може да носат оружје. Според американски информации, Техеран исто така се подготвува и да ги обучи руските сили да ги користат дроновите. Иранскиот министер за надворешни работи ги негираше ваквите тврдења.

Кирби појасни оти сè уште нема знаци дека Иран ѝ ги испорачал дроновите на Русија.

анексија Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.