Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белата куќа за првпат постави портпаролка афроамериканка и декларирана геј личност

0
By Соња Крамарска on May 6, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Бајден ја именуваше Карин Жан-Пјер за нов главен портпарол – прва афроамериканка и декларирана геј личност што ќе ја има таа улога. 44-годишната Жан-Пјер претходно беше главен заменик – секретар за печат на администрацијата на Бајден.

Таа ќе ја замени прес секретарката во заминување Џен Псаки (43) која заминува кратко време по именувањето и му се враќа на новинарството – во левичарскиот броадкастер MSNBC. Псаки на Твитер ја нарече својата наследничка „извонредна жена“ со „морално јадро“.

Секретарите за печат одржуваат дневни брифинзи со новинарите од Белата куќа, што значи дека улогата им е од висок профил. Секретарот за печат на Белата куќа е ликот на претседателската администрација пред националните медиуми но и во земјата и светот.

Администрацијата на Бајден ја најави Карин Жан Пјер како револуционерен чекор со кој става акцент на ставање на црните жени за кои се смета дека се политички невидлив дел од коалицијата на Демократската партија иако имаат суштинска улога во привлекување на гласачите.

Жан-Пјер претходно била аналитичарка во MSNBC. Родена на францускиот карипски остров Мартиник и израсната во Квинс, Њујорк, таа беше клучен политички директор во администрацијата на Обама. За време на претседателските избори во 2016 година, таа беше национален портпарол на MoveOn, голема либерална група за застапување.

Пред да се приклучи на новинарскиот тим на Белата куќа, таа беше шеф на кабинетот на Камала Харис, откако беше избрана за потпретседателски кандидат на Бајден.

Назначувањето на Жан-Пјер доаѓа пред клучните избори во ноември, кои ќе одредат каков ќе биде остатокот од мандатот на Бајден.

афроамериканка Белата куќа нов портпарол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.