Гласноговорникот на Белата куќа, Џеј Карни изјави дека САД „не ги прислушкуваат и нема во иднина да ги прислушкуваат“ комуникациите на германската канцеларка Ангела Меркел, но не сакаше да одговори дали тоа го правеле во минатото, известува Ројтерс.
– Се што можам да ви кажам е дека претседателот (Обама) и рекол на канцеларката (Меркел) дека САД не ги следи и нема да ги следи нејзините комуникации, рекол Карни и додал дека САД прибавуваат странски разузнавачки податоци како што тоа го прават и останатите држави.
Самитот на ЕУ што треба да почне во Брисел по наводите за шпионирањето на САД се закануваат да ги засенат разговорите некои лидери веројатно ќе сакаат да го искористат Самитот да бараат дополнително појаснување од Вашингтон во врска со активностите на својата Национална агенција за безбедност (НСА) во Европа.