Околу 10 часот утрово поради дојава за бомба итно е евакуирана зградата на „Ер Србија“ во Белград, пренесуваат српските медиуми. Полициските службеници патролираат на лице место а во тек е проверка на зградата.
Српски „Блиц“, јавува дека компанијата го потврдила случајот а вработените го напуштиле седуштетото.
– Вработените во „Ер Србија“ во седиштето на партијата во Белград, по упатството на полицијата се евакуирани, вели вработен во авионската компанија.
Освен зградата, полицијата ги евакуирала и вработените во најблиските објекти а се проверуваат и автомобилите на паркинзите.