Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград: Полиција го повика ректорот на Универзитетот на информативен разговор – реагира академската фела

0
By Zoran Ivanov on April 18, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ, добил покана да се јави утре во полиција во својство на граѓанин, дознаваат медиумите.

Поканата е издадена за прибирање информации во предистражна постапка за кривичното дело злоупотреба на службената положба.

Владините претставници постојано повикуваа на апсење на ректорот Ѓокиќ и укажуваа на неговата кривична одговорност.

Иницијативата Бунтовнички универзитет, која ја сочинуваат вработени во високото образование и науката, испрати соопштение во врска со уште еден притисок врз српските универзитети, Проширениот ректорски колегиум на БУ и ректорот Владан Ѓокиќ, кој вчера добил покана да се јави денеска во полиција:

Ви се обраќаме на вас, кому му го доверивме да го држите мечот и вагата во Република Србија. Во словото на законот се вели:

„Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, пречекорување на границата на службеното овластување или неизвршување на службената должност, ќе оствари каква било корист за себе или за друго физичко или правно лице, на друг ќе му причини каква било штета или ќе ги повреди туѓи права тешко, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“.

Почитувани сограѓани од Управата за криминалистичка полиција, што правите? Во деновите кога селективно и со неколку години доцнење се вадат од фиока нарачаните кривични пријави против можни деликвенти од редот на нарачателите, ги повикувате првите и најдобрите меѓу нас, универзитетски професори и научници, во процесите на некакви предистражни дејствија. Можете да го направите тоа, но дали навистина имате право?

Ние, професорите и истражувачите собрани во рамките на иницијативата Бунтовнички универзитет, не се согласуваме да молчиме за вашето учество во трансформацијата на нашата земја во полициска држава. Бараме да престанете со јасните симболични пораки што ни ги испраќате и да го слушате некорумпираниот глас на младите на нашите студенти и гласот на разумот на нивните професори!“, изјавија вработените во високото образование и наука, стои во соопштението на Бунтовничкиот универзитет.

 

академсла заедница Белград полиција Универзитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.