Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград: Попладне голем протест на студентите и на граѓаните на Србија

0
By Zoran Ivanov on March 15, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на ќелезничката станица во Нови Сад.

Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата во Нови Сад.Протестот во Белград доаѓа по масовните собири организирани од студентите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.

Владата и српскиот претседател Александар Вучиќ тврдат дека барањата на студентите се исполнети. Студентите и академската заедница го отфрлаат тоа.

Десетици илјади луѓе излегоа вчера на улиците во главниот град на Србија, Белград за да ги поздрават колоните студенти кои се собираат од речиси цела држава за големиот антивладин митинг денеска.
Денови претходно, студентите тргнаа пеш од неколку правци кон Белград, каде пристигнаа во петокот вечерта, а во главниот град им беше приреден свечен пречек за кој српската полиција соопшти утрово дека имало околу 31.000 луѓе.

Граѓани на Белград до доцна синоќа беа на улиците во центарот на градот каде ги пречекуваа илјадниците студенти кои се собраат во Белград за митингот планиран денеска и кој како што велат студентите во блокада – ќе биде најголемиот во историјата на Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ со недели упатува пораки да се зачува мирот во државата со цел да ги одврати луѓето да присуствуваат на денешниот протест.

Тој постојано предупредува дека на митингот се планира насилство и се закани со апсење поради какви било инциденти. Поддржувачите на Вучиќ кампуваат во центарот на градот, поттикнувајќи ги стравувањата од судири со демонстрантите.

На прес-конференција синоќа Вучиќ повторно рече дека властите добиле повеќе извештаи за наводни планирани немири и го опиша саботниот собир како „незаконски“.

Вучиќ ги повтори тврдењата дека западни разузнавачки служби стојат зад протестите со цел да го соборат од власт.

Не прифаќам уцени, нема да се согласам на притисок, јас сум претседател на Србија и нема да дозволам улицата да ги поставува правилата“, рече Вучиќ.
Српската држава ќе направи се за да обезбеди мир. Оние кои го нарушуваат мирот ќе бидат приведени и строго казнети…Не планирам да воведам вонредна состојба.

Вучиќ, кој доминира во српската политика откако стана премиер во 2014 година, а потоа и претседател во 2017 година, нагласи дека демонстрантите никогаш нема да го принудат да се повлече.
„Ќе мора да ме убиете ако сакате да ме смените“.

Студентите во блокада порачаа дека најостро го осудуваат секој облик на насилство и дека целта на денешниот протест не е да се упадне во ниту една институција или да се нападнат неистомисленици. Тие нагласија дека нема да дозволат нивните протести да бидат обележани со инциденти, „туку исклучиво од нашата решителност и заедничка визија за подобро општество“

Вучиќ „мобилизираше криминалци, насилници и членови на Црвени беретки, донесе луѓе од Косово и ги стационираше во Пионирски парк иако знае дека стотици илјади ќе се соберат таму в сабота“, напиша Драган Ѓилас, лидерот на опозициската Партија на слобода и правда правда, на Х.

Студентите го предводат националното движење против корупцијата што почна откако бетонска настрешница се урна на железничка станица во Нови Сад кога загинаа 15 луѓе пред повеќе од четири месеци. Оттогаш – речиси секој ден има протести на студентите низ државата.

Вучиќ и неговата Српска напредна странка, се исфрлени од рамнотежа од студентските протести, движење без лидери кое бара коренити реформи во општеството.
Демонстрантите бараат одговорност за катастрофата во Нови Сад, како и транспарентни институции, засновани на владеење на правото.
Повеќе од десетина лица се обвинети во врска со смртоносното уривање на настрешницата.

Тогашниот премиер, Милош Вучевиќ, поранешен градоначалник на Нови Сад кога започна реновирањето на станицата, поднесе оставка во јануари.

Вучиќ  ја отфрли можноста за формирање преодна влада и одржување избори за шест месеци

Полицијата уапси шестмина опозициски активисти под сомнение дека „подготвуваат акции против уставниот поредок и безбедноста“ еден ден откако наводна снимка од нивната средба беше емитувана на провладините телевизиски станици во четвртокот.

Претходните собири предводени од студентите во други српски градови беа мирни.

Во Белград, тензиите се зголемија откако поддржувачите на Вучиќ, вклучително и поранешните паравоени борци, поставија камп во паркот пред зградата на претседателството. Во петокот околу кампот беа паркирани трактори и распоредени голем број полицајци со опрема за разбивање протести.

Властите соопштија дека зградата на парламентот од спроти Андриќев венац (зградата на претседателот) ќе биде затворена во следните три дена поради безбедносни причини. Железничкиот сообраќај е прекинат. Од синоќа прекинаа со превоз на патници голем број компании кон и од Белград.

Мисијата на Европската унија во Србија соопшти дека „слободата на собирање е основно право“ и дека безбедноста на учесниците и институциите мора да се зачува.

Локалните медиуми јавија за актвирање забрана на полицијата да пушти во Србија неколкуминановинари од Хрватска и од Словенија. Засега нема официјално образложение за потезите на српската полиција.
„Одговорот на Србија на овие протести ќе биде одлучувачки тест за нејзината посветеност на стандардите на ЕУ“, напиша оваа недела меѓупартиска група членови на Европскиот парламент во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за време на „непријавен собир“ на граѓани во петокот вечерта на повик на студенти во Белград, имало неколку инциденти кои „главно биле насочени“ кон учесниците на вториот собир „Студенти 2.0“ во Пионирски парк.
Вишото јавно обвинителство во Белград денеска соопшти дека поднело барање до полицијата за собирање информации и проверка на „точност на информации“ за наводни контакти меѓу Белградскиот универзитет и Воениот синдикат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

.

Според аудио снимка објавена од провладини медиуми, „извесна М.В изнела информации дека еден од претставниците на Универзитетот во Белград контактирал со Воениот синдикат и дека  – Војската на Србија ќе застане на страната на демонстрантите доколку дојде до немири“.

Српскиот патријарх Порфириј во утринско богослужение во храмот Свети Сава, молитви за крај на поделбите меѓу српскиот народ и мир меѓу граѓаните.Тој нагласи дека се плаши дека ќе има насилство на протестот во Белград што денеска го организираат студентите во блокада.
„Се плашам дека меѓу нас ќе има насилство…Денеска сите општествени фактори, но и институциите да се борат против оваа омраза меѓу нас. Мирот треба да биде крајна цел“.

 

Белград попладне протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.