Јавниот сервис на Србија, српската Радио телевизија, ноќва е блокирана од студенти и граѓани.
Студентите и граѓаните реагираат на уредувачката политика на РТС и на програмското игнорирање на студентските протести и на нивните барања.
Граѓани постојано се придружува на блокадата. Српската А1 врши директен пренос.
Раководството на РТС блокадата ја оценува како насилничка и неуставна.
Протестот и блокадата стануваат се порадикални.
Жандармеријата соопштува дека нема да интервенира доколку блокадата не произведе инциденти.
Студентите од Нови Сад, во солидарност со своите белградски колеги, најавија блокада и на РТ Војводина.