Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бендевска: Само еден граѓанин се пожали за дискриминација поради бугарско потекло, а се изјаснил како етнички Македонец

0
By Biljana on January 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Слободен печат/Facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Минатата година до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација бил доставен само еден поднесок за дискриминација поради бугарско самочувство.

Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска изјави дека институцијата има високо ниво на самостојност и е важна во моментов, поради изјавите на припадници на бугарското малцинство во Северна Македонија кои велат дека им се загрозени правата а нема каде да се жалат.

„При крајот на минатата година беше поднесена само една постапка од граѓанин кој се пожали дека е дискриминиран на работното место – вработен во мала рурална локална самоуправа – поради неговото лично чувство дека има бугарско потекло. Ние сме должни да ја прашаме и другата страна. Одговорот беше интересен. Секој вработен во образецот М1/М2 се изјаснува по националност. Жалителот тука се изјаснил како етнички Македонец, па оттука не му е нарушено правото на еднаквост со неговото сменување од работното место“, појасни Бендевска во гостување во емисијата „Утрински брифинг“.

Таа истакна дека Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација има веб-страна со детални податоци за случаите што ги имаат, колку се решени, до каде е постапката со одреден случај, а по ново можат електронски да поднесат претставка.

Претседателката на Комисијата ги охрабри сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирано по кој било основ – етнички, родов, сексуален, политички и други основи, да поднесат претставка до Комисијата.

Бендевска додаде дека работата на Комисијата има ефект, иако некои од дискриминаторите не ја признаваат институцијата, поради тоа што не ја разбираат нејзината надлежност.

„Граѓанинот не мора ни да знае како да ја формулира претставката, доволно е да изнесе поради што ја поднесува претставката. Ние имаме право без најава да влеземе кај пријавениот за дискриминација и да извршиме увид па да го формулираме основот или основите на дискриминација“, вели Бендевска.

Претставки може да поднесуваат и правни лица, односно здруженија кои се борат против дискриминациски основи. Најмногу од претставките што ги добиле, Бендевска посочи дека се поврзани со дискриминација на работното место.

весна бендевска дискриминација Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.