Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бензините поевтинуваат за два денара, цената на дизелот останува иста

0
By Sashko on September 1, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе вонредна одлука за намалување на цените на бензините за два денара, а условот да се намали дизелот сè уште не е исполнет, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

„Во изминатиот период имаше голем број на шпекулации за начинот на формирање на цените на нафтените деривати. Ги следиме цените на медитеранската берза и за тоа од ПЛАЦ добива потврда за секој нафтен дериват посебно за бензин, посебно за дизел, посебно за екстра лесно, посебно за мазут. Цената на бренд нафтата ние не ја земаме во предвид бидејќи, за жал, во државата немаме рафинерија која што произведува нафтени деривати. Од овие причини со новата методологија ги земаме во предвид цените на бензините посебно, цените на дизелот посебно, посебно на екстра лесното и посебно на мазутот“, рече Бислимовски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека во август имаше драстична промена на односот цена на бензин и на дизел на светски берзи.

„За првпат откога го пратиме ние овој сектор, цената на бензините е пониска од цената на дизелот не во Македонија, туку и на светските берзи. Овие податоци од ПЛАЦ коишто ги користиме имаме обврска како што ги преземаме така да ги применуваме. Доколку прекршиме кој било податок добиен од ПЛАЦ ќе бидеме изложени да плаќаме сериозни пенали во милионски суми. Нема теоретска шанса РКЕ да даде котација во еден ден која што е различна на ПЛАЦ. Дополнително истите тие податоци ги користат и сите трговци со нафта и нафтени деривати и доколку приметат дека ние работиме спротивно на податоците од ПЛАЦ ќе имаме сериозни проблеми“, појасни Бислимовски.

Како што кажа со истите податоци работат и во Хрватска, во Црна Гора, Србија, Словенија.

„Тоа што го објавува ПЛАЦ од медитеранската берза ние го ставаме во нашите пресметки, земајќи го во предвид и курсот на доларот. Факт е дека последниве две-три недели курсот на доларот е речиси залепен до курсот на еврото. И тоа беа главни причини за зголемување на цената на дизелот. Ниту имало идеи намерно да се зголемува цената на дизелот, па заради тоа да се полни буџетот, сето тоа се шпекулации и невистини од највулгарен тип“, истакна Бислимоски и додаде дека на овие влезни параметри цена на светски берзи и курс на долар се додаваат давачките коишто се кон државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.