Сите договори за минерали со ретки земји со Украина треба да бидат компатибилни со европското право, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Анален Баербок за време на посетата на Кијив.
Запрашана за потенцијалниот договор за минерали меѓу Украина и САД, Бурбок рече дека Европа веќе постигнала договор со Украина и дека секој нов договор треба да биде компатибилен со правото на Европската унија.
На крајот на краиштата, ова е нашиот европски континент… ние, секако, соодветно сме во дијалог и со сите заинтересирани страни, рече шефицата на германската дипломатија.