НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бербок: ЕУ треба да ги почне преговорите со Скопје и Тирана до јули

0
By Sashko on April 12, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: theguardian.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија и Албанија треба да ги започнат преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ) во првата половина на 2022 година, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

„Земјите како Украина, како и други држави, одамна ја гледаат својата иднина во ЕУ. Не само што нема да ги разочараме овие земји, туку ќе го одржиме ветувањето за членство во ЕУ. Тоа важи и за некои земји од Западен Балкан, пред сè Албанија и Северна Македонија и токму затоа во првата половина од годината мора конечно да ги започнеме пристапните преговори со Тирана и Скопје“, рече Бербок по средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Според неа, отворањето на пристапните преговори со двете земји е одамна задоцнет чекор.

Бербок нагласи дека имала билатерални разговори со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, при што двете се согласиле дека во сегашната ситуација клучно е да започнат преговорите за влез на Албанија и Северна Македонија во ЕУ.

Таа упати порака и до српските власти дека мора да ги поддржат политиките на ЕУ, вклучително и санкциите кон Русија, доколку Белград сака да стане дел од Европската унија.

„Истото важи и за другите земји од Западен Балкан, кои овие недели јасно ставија до знаење дека повеќето од нив својата иднина, својата безбедност ја гледаат во ЕУ. Затоа тие ги поддржуваат европските санкции. Ако некој претендира да стане член на Европската унија, што Србија го сака, тогаш поддршката за надворешната политика на ЕУ и поддршката за санкциите е клучна“, рече Бербок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.