Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок денеска се осврна на уставните измени што земјава треба да ги направи за да продолжи процесот на преговори со ЕУ, и порача дека повторно ќе дојде во декември.
„Важно ми е да зборувам со сите демократски актери. Во вакви моменти кога се прави промена на Уставот – тоа е голема разлика меѓу демократиите и диктатурите. Во диктатурите и автократиите, Уставот може да се смени само со потпис на еден човек, но во демократиите мора напорно да се работи и треба да се борите за секој глас. Потребно е двотретинско мнозинство и тоа е силината на демократиите – треба заедно да се седи со опозицијата. Во такви моменти да не биде важна и да не биде на прво место партиската книшка“, кажа Бербок на новинарско прашање, на заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.