Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Березовски напишал проштално писмо на Прочка

0
By Нова ТВ on March 23, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Смртта на Борис Березовски можеби не е толку неочекувана, како штоизгледа на прв поглед, пишува dp.ru. Весникот потсетува дека пред една година тој напишал писмо во кое им се извинил на своите сонародници и се кае поради тоа што го довел Путин на власт.

Рускиот тајкун Борис Берeзовски е најден мртов

Смртта на милијардерот стана актуелна пред неколку часа. Според првични податоци, тој се самоубил. Сајтот dp.ru го објави целиот текст на прошталното писмо:

Воздржи се секакви зла, оди по правиот пат и не прави грешки, рекол Бог преку пророкот Еремија и затоа токму сега, на Денот Прочка, и јас ви се обраќам. Годините на прогонство ми овозможија да погледнам од страна на својот живот, на својата татковина и многу јасно да сфатам дека без покајание, без признавање на грешките од минатото, без храброст да се изгради иднината, нема прогрес. Ниту за мене лично, ниту за кого било друг. Живеев долго убав живот. И за тоа време направив многу дела, неизбежно и сум грешел. Грешки сум правел и свесно, а уште повеќе сум направил и несвесно. Како што се вели молитвата за покајание: “свесно и несвесно, волно и неволно.” Знам дека вие, народот на Русија, чиј дел сум и јас, ги осудувате многу од моите дела.

Се каам и се молам да ми простите за алчноста. Жеден за богатство, без да размислувам дека тоа е на штета на другите. И покрај тоа што не сум го направил сето тоа сам, не е оправдување.

Простете ми.

Се каам и молам за прошка, исто така, за поткопување од моја страна на слободата на говорот. Бранејќи го потегот со желба да ја спасам Русија од црвената чума, јас, креаторот на политиката на главниот информативен гласноговорник на земјата ги игнорирав демократските вредности. Моите активности го поставија почетокот на уништувањето на независната на новинарството. Не го правев тоа сам, но тоа не е оправдување.

Простете ми.

Се каам и молам за прошка и за тоа што го доведов на власт Владимир Путин. Бев обврзан, но не можев да го видам во него идниот алчен тиранин и узурпатор, човекот, кој ја уништи слободата и го запре развојот на Русија. Многумина од нас тогаш не можеа тоа да го откријат, но тоа не ме оправдува.

Простете ми.

Други гревови пред Русија јас немам. Знам дека покајанието не се само зборови, но и дела. И тие ќе следат.

Борис Березовски,
26 февруари 2012 година

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.