Премиерот на Албанија Сали Бериша сепак синоќа го призна изборниот пораз на парламентарните избори во неделата, од Социјалистот Еди Рама и покрај првичните тврдења дека тој е победник. Бериша на изборите се кандидираше за трет по ред премиерски мандат.
Бериша изјави во обраќањето пред своето членство дека ја прифаќа личната одговорност за лошите резулатите и се повлече од функцијата водач на десната Демократска партија.
Социјалистот Еди Рама победи со 53 проценти од гласовите, додека Демократите на Бериша со 36 проценти или 12 проценти помалку од изборите одржани пред 4 години.