Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлин до САД: Прислушување на пријатели е неприфатливо

0
By Нова ТВ on July 3, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската влада со изненадување ги прими последните медиумски извештаи за американската шпионажа на податоци во Европа. Ова го соопшти владиниот портпарол Штефан Зајберт во Берлин. Овој став бил пренесен и во Белата куќа. Меѓутоа пред да бидат преземени натамошни чекори, мора да се разјаснат фактите. Доколку се потврди, дека биле прислушувани дипломатските претставништва на ЕУ и поединечни земји, тоа не би можело да се прифати. „Прислушување на пријатели, тоа е неприфатливо, тоа воопшто не оди. Ние повеќе не се наоѓаме во Студената војна“, рече Зајберт во анализа за Дојче Веле.

Освен ова германската влада се залага за еден усогласен став на Европската унија. Канцеларката Ангела Меркел ќе разговара со францускиот претседател Франоса Оланд и исто така Министерството за надворешни работи ја усогласува германската реакција со европските партнери. „Европа и САД се партнери, пријатели, сојузници. Оттука довербата мора да биде основата на нашата соработка. По однос на ова прашање мора повторно да биде воспоставена довербата“, подвлече портпаролот Зајберт.

Неделникот „Шпигел“ во своето последно издание информираше дека и европските институции биле шпионирани од американската тајна служба НСА. Во претставништвото на ЕУ во Вашингтон биле поставени уреди за прислушување, и исто така влади во Европа не биле сосема безбедни од прислушување. Надгледувана била и канцеларката Меркел, како и милиони други герамански граѓани, чии телефонски и интернет врски биле шпионирани. Севкупно НСА секој месец меморирала половина милијарда податоци на воспоставени врски во Германија.

Германската влада многу сериозно ги зема овие информации, изјави портпароот Штефан Зајберт. Канцеларката Меркел разговрала со претседателот Барак Обама на оваа тема при неговата неодамнешна посета на Берлин. Таа притоа го застапувала гледиштето дека „сите ние посакуваме безбедност, но посакуваме и нашата приватна сфера да биде заштитена“.
Овие две потреби мораат да бидат избалансирани.

Опозицијата бара објаснување

Помалку воздржано реагираше опозицијата. Таа побара брзи и видливи мерки на германската влада. Кандидатот за канцелар од редовите на социјалдемократите, Пеер Штајнбрик, е огорчен од размерите на надгледувањето и оцени дека е сериозен случај. Тоа во пријателски врски е незамисливо и далеку ги надминува легитимните безбедносни интереси на САД.

Тој побара од канцеларката Ангела Меркел да се погрижи за брзо расветлување на случајот:

„Ние живееме во правна држава и верувам дега обврска на германската влада е да ја штити оваа правна држава. Оттука сега очекувам да има не само учтиви прашања до САД и Велика Британија.“

Наместо тоа германската влада би морала да воспостави владини консултации со САД и Велика Британија. Се’ додека ситуацијата не се разјасни и не прекине шпионирањето на европските институции, Европската унија не би можела да води преговори за договорот за слободна трговија со САД.

Исто така и претседателот на пратеничката група на Зелените, Јирген Тритин изјави дека преговорите за договорот за слободна трговија можат да се одвиваат, само кога би било јасно дека тајните на претпријатијата нема повеќе да се пробиваат. „Американците се однесуваат токму онака, за што ги обвинуваат Кинезите, велејќи: Тие го шпионираат нашето стопанство“. Тритин се заложи да се прекине постоечкиот договор за размена на банкарски и податоци на воздушниот сообрќај. „Не може да се дозволи секој граѓанин да биде осомничен“, дополни шефот на Зелените Џем Ездемир. Германската влада мора да разјасни дали знаела за размерите на надгледувањето. Ова прашање е упатено и до германските тајни служби.

Шефот на пратеничката група на партијата на Левите Грегор Гизи побара вонредна седница на Бундестагот уште оваа недела. Тој напиша писмо до претседателот на Парламентот, Норберт Ламерт. Германската влада би морала пред пратениците да презентира, во кој опсег „и’ биле познати размерите на оваа единствена и опсежна шпионажа на нашето население и нашето стопанство“, смета Гизи.

Германскиот новинарски синдикат го критикуваше надгледувањето на податоците за електронски врски на новинарите од страна на НСА. На овој начин заштитата на информациите станува фарса, рече претседателот на Германскиот новинарски синдикат (DJV) Михаел Конкен. Тој од германската влада побара да се заложи веднаш да запрат мерките на надгледување и да бидат избришани податоците. Новинарите, чии податоци биле шпионирани, би морале да бидат информирани за тоа колкав временски период и во кој опсег биле надгледувани. „Очекуваме апсолутна транспаренснтост“, рече Конкен.

(текстот е превземен од редакцијата на македонски јазик на Дојче Веле)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.