Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлински ѕид речиси секаде во светот

1
By Нова ТВ on October 29, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Зад куќичката на чуварот во ботаничките градини на Берлин, скриена од погледот на пешаците, стои малку поконкретна европска историја: парче со дебелина од 3.2 метри и широчина од 1.2 метри“.

Вака започнува сторијата за Берлинскиот ѕид кој денес „го има“ од САД до Јужна Кореја, од Африка до Јужна Америка, а ја објавува „Гардијан“.

Околу 55.000 такви парчиња„конкретна европска историја“, во минатото го формирале Берлинскиот ѕид. Парчињата бетон преостанати во Берлин се складирани во депото на ботаничките градини а му припаѓаат на градскиот Сенат – наменети се за големите државни посети.

При посетата на Берлин, првото прашање кое многумина од туристите си го поставуваат е „Каде е ѕидот?“, а по 25 години од падот многу повеќе од парчињата „се расфрлани“ низ целиот свет. Во минатото голем број берлинци не можеле да дочекаат да го видат заминувањето на „вечната бариера“ која придонела за огромната трагедија, што само ја забрзало постапката на расфрлувањето на плочите низ светот.


Германската федерална фондација за репроценка на диктатурата, наведува дека во Русија има само еден сегмент од целиот Берлински ѕид, додека стотици се распространети низ САД.

„Земи и носи“ плоча сепак не е едноставен процес. Потребен е кран за товарење на бетонот а трошоците изнесуваат најмалку 2.000 евра. Превозот во странство носи дополнителни 5.000 трошок, така да понекогаш „наградените“ решаваат да ги остават своите подароци зад себе.

Генерално познат како „Берлински ѕид“, сепак всушност се работи за два ѕида: источниот, т.н. „заднина “ и западниот ѕид. Западниот ѕид се покажал многу попопуларен кај „инвеститорите“ после 1989 година.

Јапонска компанија понудила дури 185.000 долари за едно парче. Други парчиња се продадени за слични суми на раскошни аукции одржани во Монако. Парчињата од источниот и помалку фотогеничен дел (мнозинство од оригиналот) пак се згмечени и искористени за изградба на патишта и автопати.


Одреден број парчиња се вратени во Берлин за комеморативни цели, иако ретко на местото каде што првично стоеле. Ве Германија, најдолгата низа може да се најде во галеријата „Eastside“ во Берлин , иако сликите и графитите на парчињата се додадени во 2009 година. Дополнително 212 метри ѕид се наоѓаат на споменикот Топографија на теророт, 70 метри ѕид има во Бернаурштрасе, и неколку сегменти на плоштадот во Потсдамер, а еден вид на Берлински Стоунхенџ во Трептов, каде што секој може да слика на парчињата бетон.

Парчињата од Берлинскиот ѕид кои се продаваат по 3 евра парче во продавниците за сувенири на контролниот пункт – музејот Чарли во Берлин потекнуваат од депо близу аеродромот Тегел , во сопственост на Вокер Павликовски .

Околу 600 парчиња својот дом го пронашле надвор од Германија, во над 140 споменици во светот, во места како што се Австралија или Бахамите. Пет парчиња од Берлинскиот ѕид се наоѓаат во Јужна Кореја, 30 километри од границата на Северна Кореја кои претставуваат симбол на надеж дека двете земји можеби еден ден ќе живеат обединети.


Парче од Берлинскиот ѕид поседува и Усеин Болт, откако градоначалникот на Берлин Клаус Воверајт му го поклони после Светското првенство во атлетика во 2009 година..

Сепак најголемата колекција надвор од Германија се наоѓа во близина на полското село Сосновка близу Вроцлав, каде што стоматологот Лудвик Васецки собрал над 40 сегменти и ги поставил во уметничка инсталација.

Во мај 1998 година пак подарок од ѕидот доби и американскиот претседател Бил Клинтон. Неговото парче бетон е најпрво транспортирано од Берлин до Хамбург , а потоа испратено во Балтимор. Но бидејќи Клинтон беше вплеткан во скандалот Левински, презентацијата на подарокот никогаш не се случи јавно а парчето остана во склад во Балтимор, од каде што на крајот исчезна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.