Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бeси Смит – неприкосновената „кралица“ на блузот

0
By Нова ТВ on June 8, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Михаил Мице Бошковски

Блузот, како посебна вокално и инструментална музичка форма се појавува уште во 19-от век во афро-американските заедници експлоатирани на памучните плантажи од страна на американските робовладетели, како духовни и традиционални жетварски песни.

Во прво време пеењето претставувало, еден вид довикување и меѓусебна комуникација, бидејки на робовите им било забрането да зборуваат меѓусебно. Подоцна, со развојот на шоу бизнисот, особено кога во 20-тите години на минатиот век се појавува урбаниот блуз, овој вид музика станува мошне популарна и врши влијание првин на џез музичарите, а потоа од неа произлегуваат мноштво стилови и под стилови меѓу кои како најпопуларни, и до ден денеска актуелни се: ритам и блузот, рок енд ролот, па и поп музиката.

Појавата на пејачката Беси Смит е посебно значајна за развојот на блузот. „Кралицата“ на блузот, како што е наречена од своите фанови, располага со еден од највозбудливите вокали во сферата на црнечко-американската пејачка уметност.

Нејзиниот снажен контра алт е со драматични акценти кои на моменти се нежни и меки, на моменти рапави и дозирани со многу емоција. Сето тоа делува возбудувачки кај слушателот, особено поради фактот што го интерпретира блузот во неговата најчиста изворна форма. Кога во 1923 година ја снима првата плоча со песната „Down Hearted Blues“, таа зучи зачудувачки добро иако е снимена со примитивна техника. Плочата достигнува, за тоа време, фантастичен тираж. Така со помош на таа плоча блузот стекнува поширока популарност на целата територија на САД.

Беси Смит е родена е во 1894 година во многу сиромашно семејство со повеќе деца. Рано останува без родители. Нема образование. Детството го поминува во беда, се додека за нејзините вонсериски квалитети не се заинтересирала, во тоа време популарната, но и контраверзна блуз пејачка Ма Рејни (1886 – 1939), позната како „мајка на блузот“. Таа е една од првите професионални блуз пејачки која, покрај за својата кариера, се грижи, открива и им помага на младите блуз пејачки. Една од нив е Беси Смит, која на почетокот на кариерата е под нејзино силно вокално влијание.

Се до крајот на 20-тите години на 20 век, Беси Смит има успешна кариера. Снима за „Колумбија“ и што е за неа многу важно настапува со врвни музичари од тоа време: Луј Армстронг, Сидни Беше, Џо Смит, Чарли Грин, Колмен Хокинс, Флечер Хендерсон. Тоа е период кога ужива голема популарност и доживува успех каде и да се појави. Како најплатена црна пејачка заработува, за тоа време, фантастични 1.000 долари по настап. Учествува и во снимањето на филмот за песната „Sent Luis Blues“.

Но, од 1929 г. економските состојби во САД драстично се менуваат, па во наредниот период во услови на општа беспарица опаѓа интересот за традиционалниот блуз. Па со самото тоа, се намалува и интересот за Беси Смит. Сето тоа е потпомогнато и од проблемите што ги има во приватниот живот. Од 1923 г. е мажена за Џек Џи. Тоа е несреќна брачна заедница со повеќе обострани неверства од која се раѓа синот Џек Џи Џуниор.

Заедничкиот живот престанува во 1929 година. Беси Смит веќе има сериозни проблеми предизвикани и од прекумерното користење алкохол што, покрај економската криза, уште повеќе и се одразува на кариерата. Како резултат на сето тоа во 1931 г. го раскинува договорот со „Колумбија“, а две години подоцна за неа интерес пројавува Џон Хемонд (1910 – 1987), извонреден музичар, композитор и продуцент кој остави длабоки траги во музиката на 20-от век. Тој тогаш е на почетокот на кариерата и ја наговара да сними неколку композиции, кој всушност се последни во нејзината кариера.

Последното поглавје од животот на Беси Смит е нејзината трагична смрт, за која се напишани многу статии и контраверзи. Таа загина на 26 септември во 1937 година во сообраќајна несреќа со возилото што го управувал нејзиниот тогашен љубовник Ричард Морган.

Возилото со својата предна десна страна со голема брзина удрило во задниот дел на еден камион. Возачот поминал со лесни повреди, а Беси Смит била тешко повредена со скоро откината десна рака, повреди на главата и нагмечување на градниот кош. Несреќата се случила во вечерните часови на отворен пат, а во текот на ноќта починала во болница од тешките повреди без да дојде при свест. Приказната дека не била примена во болница за белци и искрвавила, во најмала рака е проблематична и претенциозна. Таа приказна потекнува од написот на Џон Хемонд два месеца по несреќата за да се потенцира дискриминаторскиот одност кон црнците.

Пеењето на Беси Смит силно влијае на кариерите на Били Холидеј, Сара Вон и Џенис Џоплин, која неколку години пред смртта, донира средства за споменик, бидејки гробот на Беси Смит 40-тина години бил скоро необележан. За иронијата да биде поголема, Џенис Џоплин е погребана на истиот датум (4. 10. 1970 г.), како и Беси Смит (4. 10. 1937 г.).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.