Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Индексирањето со просечната плата во јавниот сектор е историска одлука

0
By Marta Pesevska on July 16, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ФАТМИР БЕСИМИ

„Владата никогаш не беше „спротивставена страна“ во преговорите за плата со синдикатите, туку менаџер во процесот кон утврдување на оптимален исход. Активно водевме преговори со синдикатите, но ни беше значајно и да понудиме соодветно решение пред ММФ, за да и тие согледаат дека предлогот има фискална издржаност и дека нема да направи притисоци врз макроекономската стабилност“, пишува министерот за финансии, Фатмир Бесими во својата најнова колумна посветена на воспоставувањето систем на индексирање на платите во јавниот сектор. Министерот истакнува дека за првпат од осамостојувањето, утврдено е системско решение за платите во јавниот сектор, кое е во интерес на вработените, чии плати континуирано ќе растат, но и во интерес на фискалната одржливост и зачувувањето на макроекономската стабилност. 

„Најважната одлука која ја донесовме е системското решение за индексирање на платите во јавниот сектор со просечната плата на ниво на економијата во рамките на номиналниот раст на БДП. Усогласувањето на платата во јавниот сектор од март 2025 година ќе се врши такашто просечната плата ќе се множи со коефициент. Со овој чекор ќе добиеме еден реален систем на плати, усогласени со состојбите на пазарот на труд, кој ќе биде праведен и транспарентен за целиот јавен сектор. Имаме транзициски период од околу две години за имплементација на ова решение, што е сосема доволен период со оглед на тоа дека станува збор за крупна реформа и треба беспрекорно да се спроведат сите активности поврзани со неа, вклучително и измена на законската рамка, општиот колективен договор и утврдување на коефициентите“, пишува Бесими и напоменува дека најверојатно ние ќе бидеме првата земја во светот која платите во јавниот сектор ќе ги индексира со просечната плата, што ќе обезбеди континуирано прилагодување на платите преку следење на движењата на пазарот на труд и продуктивноста.

Министерот во колумната истакнува дека целта на Владата е платите да растат, како во јавниот така и во приватниот сектор и тоа да биде придружено со раст на продуктивноста и на бруто-домашниот производ. Наведува и дека во изминатите пет години, имајќи ги во предвид барањата и потребите во јавниот сектор, имаше повеќе покачувања на платите, како за целиот јавен сектор, така и за одделни дејности, како образование, детска грижа, здравство, судство, култура, АРМ, МВР, ДЗР, ИПА структури, државна управа итн..Растат платите и во приватниот сектор, што најдобро се огледа од податоците за просечна плата, која во изминатите 5 години е повисока за 50%. 

„Јавниот сектор, особено државната администрација може и треба да биде важен чинител во промените за економски развој. Јавниот сектор е служител на приватниот сектор и негова должност е да обезбеди услови за развој и конкурентност на приватниот сектор. Оттаму, покрај систем на достојно вреднување на јавните работници, неопходно е да се направи оптимизација. Тоа би значело функционална анализа за оптимално искористување на капацитетите и унапредување на квалитетот на услугите кои ги нуди јавниот сектор. Рационализацијата нема да значи отпуштања на вработените, туку добро поставена програма со поволни и атрактивни мерки за трансфер на вработените во приватниот сектор, каде што веќе се чуствува потребата на пазарот на труд за поголем број на работна сила, која пак од друга страна влијае врз конкурентноста и растот на економијата“, посочува Бесими.

Инаку, со решението кое Владата го усогласи заедно со синдикатите, со септемвриската плата годинава, сите вработени во јавниот сектор ќе добијат покачување од 10% на постојните плати, што следува по усогласувањето од 5% во март по основ на минималната плата. На сите вработени во јавниот сектор до крајот на годинава ќе им биде исплатен и регрес за 2023 година во износ од 10.000 денари, додека понатаму во општиот колективен договор регресот ќе се дефинира на минимум 30% од просечната нето плата.

Бесими плати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.