Само 37 проценти од европските пари преку склучените договори од ИПА фондовите искористила Македонија.
Процентот на искористеност се однесува на склучените договори, а неискористеноста, министерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, ја правда со споредбата на земјите од регионот, каде ние сме во рамки на просекот.
– Сметаме дека има потреба за појака координација и оценуваме дека има простор за подобрување, затоа што сегашното ниво заслужува да биде на повисоко ниво. Со поголема координација можеме да бидеме поуспешни во искористеноста на ИПА-фондовите“, истакна Бесими, посочувајќи дека на координативните неделни состаноци со ИПА стурктурата редовно се координираат и со Делегацијата на ЕУ.
Министерството за животна средина има искористено една шестина од ИПА фондовите или 100 милиони евра за инфраструктура и 15 милиони евра за јакнење на институционалните капацитети.
Предвидените 640 милиони евра од актуелната ИПА структура се наменети за периодот од 2007 до 2013 година.