Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: меѓународната заедница да биде олеснувач помеѓу Скопје и Атина

0
By Светлана Јовановска on February 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за европска интеграција Фатмир Бесими смета дека меѓународната заедница треба да им помогне на Македонија и Грција да го решат спорот со името.

“Проблемот е билатерален но решението на спорот треба да биде мултилатерално и треба да ни се помогне да го решиме”, рече Бесими на конференцијата која денес во Брисел ја организираше Европскиот политички центар и која беше насловена Македонската европска иднина-перспективи и предизвици. Бесими рече дека верува во “висок политички дијалог помеѓу двете страни и улога на олеснувач на меѓународната заедница”.

Бесими не даде прецизен одговор на повеќе прашања што му беа поставувани за време на конференцијата и кои се интересираа за спорот за името и начинот како тој да се реши, за Скопје 2014 и дали овој проект е провокација за соседите или не, или за можноста да се распишат парламентарни избори наскоро.

Министерот инсистираше на тоа дека процесот за ЕУ интеграција е тежок пат кој има поддршка од 60 отсто од граѓаните и за кој сите во Македонија се спремни да ја платат цената. На прашањето која е цената што треба да се плати за тој пат, Бесими го релативизираше одговорот велејќи дека цената се реформите, но додаде дека “цената не е важна, важно е она што го добивате како слободата или повисокиот стандард”. Но не одговори на прашањето дали во Македонија има иницијативи за решавање на спорот и дали има провокативни активности кои ја спречуваат препораката за преговори на Европската комисија да се претвори во преговори со ЕУ.

Дописникот на франко-германската телевизија Арте го праша министерот дали Скопје наликува на “христијански Дизниленд” Бесими одговори дека тој, иако е либерален муслиман и Албанце, ја преставува целата земја и додаде дека Скопје 2014 година е прашање на вкус и архитектура која некому му се допаѓа а некому не. Тој самиот не кажа дали проектот е по негов вкус. Според него историјата е долга а културата разновидна па оттука овој проект е инклузивен. “Мораме да имаме конструктивност и зголемување на регионалната соработка а не провокации кон соседите”, рече Бесими.

На прашањето дали во Македонија ќе има попис тој рече дека оваа година тоа не е планирано. А неговиот одговор за тоа дали ќе има парламентарни избори исто така беше неодреден. Според него, во Македонија сега се работи на анализи, на реформи во земјата и на подготовката за претседателските избори.


Роза Балфур и Фатмир Бесими

Инаку, за време на конференцијата претставничката на ЕПЦ Роза Балфур, која го водеше настанот, како и најголемиот дел од учесниците, Македонија ја нарекуваа Македонија а не ПЈРМ. Сепак, претставникот на националната агенција МИА во Брисел при крајот на конференцијата интервенираше во дебатата барајќи од Балфур да не ја нарекува земјата како “Скопје”. Таа го потсети дека за целиот настан во повеќе наврати викала “Македонија” и “Скопје” а и самата најава на настанот, испратен до сите политички и дипломатски адреси во Брисел, го носеше насловот “Македонската европска иднина-перспективи и предизвици”.

Очигледно дека таа беше незадоволна од оваа забелешка па по прашањето на претставникот на МИА одлучи за нашата земја да ја употреби референцата “поранешна југословенска Република Македонија” ставајќи на знаење дека со ваков однос Македонија ги губи своите пријатели и создава непријатна атмосфера.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.