Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими најави План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст

0
By Нова ТВ on April 9, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на  Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, министерот за финансии Фатмир Бесими присуствуваше на состанок со Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија и регионалниот директор на Светската банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер.

На средбата, Бесими посочи дека Министерството за финансии работи на План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст, што има за цел да ги соедини сите иницијативи, планови и алоцирани фондови на Владата и меѓународните финансиски партнери за реализација на капитални проекти за овој период.

-Целта на овој документ е да дизајнира иновативни начини за спроведување на  јавните инвестиции, користејќи ги достапните фондови од официјалните кредитори за мобилизирање на приватните инвестиции. Со ова ќе се придонесе кон неколкукратно зголемување на инвестициите, а воедно и спроведување на фискалната консолидација, додаде тој.

Зајакнувањето на приватните инвестиции, како што информира Бесими, ќе биде поддржано преку развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантен фонд, еквити фондови, фонд за ризичен (venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија. Се планираат јавни приватни партнерства, концесии и други инструменти за финансирање на јавни капитални проекти, но и проекти на приватниот сектор.  Проектите се во рамки на Националниот инвестициски комитет (НИК), како дел од иницијатива на јавниот и приватен сектор.

Министерот за финансии информира дека преку новите механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање се очекува да се создаде мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од четири милијарди евра во период од 2021 до 2025 година, ќе се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор.

-Со тоа, ќе се зголемат вкупните инвестиции во економијата и ќе се придонесе кон дополнително забрзување на растот на бруто домашниот производ, како и кон креирањето нови работни места, посочи министерот за финансии.

На состанокот со потпретседателката на Светска банка, Бесими дискутираше и за четиригодишната Рамка за соработка на Северна Македонија со Светска банка.

Министерот истакна дека законите поврзани со Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и Проектот за унапредување на основното образование, коишто се дел од четиригодишната рамка, се усвоени од Собранието и може да се потпишат договори и да се започне со нивна реализација.  Како што беше посочено, потпишувањето на договорите се очекува да се случи наскоро.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.