Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Со прераспределба во Буџетот обезбедуваме повисоки плати, пензии, субвенции, инвестиции и нов пакет на антикризни мерки

0
By Ана Василевска on September 7, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повисоки плати за 10% во цела јавна администрација како и исплата на К-15, повисоки пензии за пензионерите, повеќе средства за социјална помош, средства за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет на антикризни мерки обезбедуваме со Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година, што денеска беше усвоена на седница на Владата и ќе биде доставена до Собранието на усвојување.

Ова го соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска на прес-конференција, на која истакна дека средствата за овие цели се обезбедуваат преку реалокација и дека тоа се прави со Одлука за прераспределба, а не со ребаланс на Буџетот од причина што до крајот на годината се очекува во ист номинален износ реализација на приходната и расходната страна, согласно проектираното во Буџетот за 2023 година.

„Пристапивме кон овие реалокации на средства, главно во интерес на социјалниот аспект, односно главните реалокации се токму во насока на поддршка на граѓаните и стандардот – покачувањето на платите во јавниот сектор, К-15, пензиите, социјалните трансфери, субвенциите за земјоделците, деветтиот пакет антикризни мерки. Нашата цел е поддршка за граѓаните за што е можно повеќе да ги олесниме ценовните притисоци. Воедно, ја задржуваме развојната компонента на Буџетот, со повисоко ниво планирани капитални инвестиции во однос на буџетскиот дефицит. Исто така, се реалоцираат дополнителни средства за поддршка на компаниите, како странски, така и домашни“, истакна министерот и додаде дека стратегијата е заздравување на економијата пред се, заштита на стандардот на граѓаните, а понатаму и забрзување на растот.

Потребните прилагодувања во Буџетот, како што рече министерот, се направени преку реалокација на средствата од позиции каде има послаба динамика и каде процесите дозволуваат да се направат прераспределби кон позиции каде се преземени обврски. При тоа потенцира дека не се отфрла ниту еден капитален проект, како и дека капиталните расходи остануваат на повисоко ниво од буџетскиот дефицит, односно согласно златното правило во финансиите – да се позајмува само за инвестиции и развојни цели.

Со Предлог-одлуката, како што образложи се обезбедуваат 4,25 милијарди денари дополнителни за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 10% и исплата на регрес за годишен одмор во висина од 10.000 денари, дополнителни 3,5 милијарди денари за пораст на пензиите за околу 6% за 336 илјади пензионери почнувајќи од септември 2023 година, 600 милиони денари за исплата на социјалните права за 36.000 корисници на гарантиран месечен приход, 800 милиони денари наменети за земјоделски субвенции, пред се за субвенции за млеко, сточарско производство, како и за авансно финансирање на земјоделците за растително и сточарско производство. Исто така обезбедени се 110 милиони денари за справување со Африканската чума, 100 милиони денари за набавка на лекот „Трикафта“ за 55 пациенти, 20 милиони денари за дигитални сензори за мерење на шеќерна болест, 200 милиони денари за редовно сервисирање на породилните боледувања, 166 милиони денари за превод и печатење и откуп на учебници за основно и средно образование. Обезбедени се 290 милиони денари за исплата на студентски оброк за 29.000 корисници, за 6.900 стипендисти студенти и за 9.600 ученици стипендисти, 650 милиони денари за исплата на МОЈ ДДВ за третиот квартал заради зголемувањето на лимитот на повратот, а со Предлог одлуката се направени и дополнителни алокации за државна помош за компании во износ од 1,081 милијарди денари, и тоа за домашни компании 581 милиони денари, за странски компании 200 милиони денари и за компании и инфраструктурно уредување во ТИРЗ 300 милиони денари.

Бесими потенцира дека со Предлог-одлуката се обезбедени средства за реализација на мерки од деветтиот пакет антикризни мерки, во рамки на предвидените средства во износ од 4,55 милијарди денари во програмата П1.

Дополнителните средства, како што посочи министерот, се обезбедени, а при тоа буџетскиот дефицит останува ист непроменет во номинален износ, со што се докажува посветеноста кон постепена фискална консолидација. Исто така со оваа прераспределба е зачувано златното правило во финансиите, односно капиталните расходи остануваат на повисоко ниво од буџетскиот дефицит и дека нема да се отфрли ниту еден капитален проект.

Вкупните прераспределби со Одлуката се во износ од 18,2 милијарди денари, кои се обезбедени со заштеди секаде каде тоа непречено одвивање на процесите го дозволуваат, зголемена наплата на придонеси, како и кратење од позиции каде има послаба динамика на реализација.

Прераспределба на буџет Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.