Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Средствата од ММФ значат доверба во политиките на Владата

0
By НОВА ТВ on August 24, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Средствата што ММФ и ги додели на земјава како буџетска поддршка значи дека тие имаат доверба во политиките на Владата и во фискалната рамка, оценува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој во изјава за телевизија „Сител“, вели дека средствата што ММФ и ги додели на земјава веќе се планирани за спроведување на мерките за справување со пандемијата и за поддршка на стопанството со цел ублажување на ефектите од пандемијата.

– ММФ и додели на РС Македонија 134,47 милиони специјални права на влечење или околу 162 милиони евра за буџетска поддршка. Средствата се веќе планирани во Буџетот за 2021 година за спроведување на мерките за справување со пандемијата и за поддршка на стопанството преку Развојната банка со цел ублажување на ефектите на пандемијата и поддршка на домашната економија за нејзино побрзо заздравување, истакна Бесими.

Потенцира дека со ММФ се преговарало подолго време уште откако оваа меѓународна финансиска институција го најавила новиот пакет за поддршка на светско ниво.

Средствата веќе се предвидени со ребалансот на Буџетот каде, како што вели министерот, „има зголемување на делот за субвенции за поддршка на стопанството, за социјалните категории загрозени граѓани, но и за зголемување на капиталните расходи во Буџетот што всушност ќе значи поддршка и на делот што оди за здравството и за вакцини, и мерките за економијата“.

Согласно процедурата, Министерството за финансии ќе изготви закон којшто ќе биде доставен до Владата и до Собранието. Бесими очекува законот да се изгласа бидејќи средствата се веќе предвидени со ребалансот на Буџетот.

Бесими ММФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.