Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Стоковите резерви ги имаат потребните количини и тие се доволни

0
By Mirjana on March 1, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стоковите резерви ги имаат потребните количини и тие се доволни, а дополнително и компаниите имаат доволни резерви за да одговорат на потребите на пазарот, затоа нема потреба од паника, порачува министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Еуроњуз Албанија.

-Државните резерви се класифициран податок и затоа немаме право јавно да го објавиме, но она што е најважно е дека тие се доволни, и не само државните резерви, туку и резервите што ги имаат компаниите за нивните потреби на пазарот кои, исто така, се доволни. Така што во моментов има доволно резерви и нема потреба од паника. Ние ќе продолжиме со снабдување на државните резерви како што е предвидено во годишната програма, а како Владата ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто, рече министерот Бесими.

Посочувајќи на мерките што Владата веќе ги презеде за да одговори на влијанието на енергетската криза во насока на заштита на стандардот на граѓаните и да нема голем раст на цените на основните прехранбени производи и електричната енергија на регулираниот пазар, истакна дека тие не се доволни со оглед на тоа што продолжува кризата и состојбата во Украина и оти е важно да се следи како се развива влијанието врз домашната економија за да се види кои мерки и капацитети ќе бидат потребни.

-Во однос на економските и социјалните предизвици, ние сме во постојан контакт со сите учесници во општеството за да можеме ефективно да реагираме, но и во однос на финансирањето на ова сме во комуникација и со Европската комисија и со меѓународните институции, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, за евентуално да се користат инструменти кои ќе помогнат во финансирањето на трошоците во економијата на земјата, посочи Бесими.

 

 

Бесими СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ ГИ ИМААТ ПОТРЕБНИТЕ КОЛИЧИНИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.