Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими уверува дека има пари за плати, пензии, социјална помош

0
By Нова ТВ on September 6, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Финансирањето на дефицитот и кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено, а ќе има и бафер за евентуални нови шокови од пандемијата. Приходите се движат во рамки на предвидувањата, а ќе има доволно средства за финансирање на следните пакети економски мерки, за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош, за обврските кон стопанството, кон кредиторите. Ова го порачува новиот министер за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА.
– Сакам да упатам јасно порака за смирување дека финансирањето на дефицитот и на кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено, дури ќе обезбедиме и бафер за евентуални нови шокови од пандемијата. Ќе обезбедиме доволно средства за финансирање на следните пакети на економски мерки за ублажување на ефектите од кризата, како и економска обнова во пост-кризниот период кон „новото нормално“.
Приоритетно ќе биде да се согледа каде се можностите во рамките на буџетот со оглед тоа кои програми или проекти се знае со голема веројатност дека нема да можат целосно да се реализираат до крајот на годината, потоа привлекување финансии во нашата економија од надворешни извори на финансирање, како и разгледување на можности за мобилизирање на слободните финансиски средства од домашниот финансиски пазар а со тоа во координација со НБРМ со цел задржување на финансиската и монетарната стабилност во економијата – вели министерот во интервју за МИА, додавајќи дека ќе се следи и што прават и други поразвиени земји особено во  користењето нови неконвенционални мерки за поддршка на економијата.
ој нагласи дека од првиот ден откако ја презема функцијата министер за финансии е во координација со тимот на Министерството за финансии и дека на дневна основа се следи состојбата со приходната и расходната страна на буџетот и оти доколку се појави потреба, навремено ќе се реагира, а бизнис секторот и граѓаните ќе имаат навремени и јасни пораки кои ќе бидат економските политики и мерки.
– Обезбедени се ликвидносни средства за буџетот да извршува непречено се согласно планот до крајот на годината, односно редовно да се исплаќаат платите на вработените, пензиите на пензионерите, социјалната помош, редовно да се извршуваат обврските кон стопанството, обврските кон кредиторите, како и средства за антикризни мерки за помош на економијата и забрзување на ревитализирањето. Постои и бафер (средства за сигурност), зависно од развојот на настаните, за евентуален втор шок или за сервисирање на отплати кои доспеваат во 2021 година – потенцира министерот Бесими.
Тој оцени дека на работите треба да се пристапува реално и отворено и оти оваа ковид-криза е реалност и дека ниту една економија не е исклучок и оти допрва треба да се преземаат мерки за економијата да се врати на вистински колосек.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

ВЕСТИ October 9, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до…

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.