Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесот на боговите кон успешните девојки

0
By Биљана Секуловска on August 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Боговите се прилично разлутени, овојпат. Велат огорчено- зошто да се даваат шанси на млади, успешни, конечно на жени, кои само за осум години успеале да создадат империја како никој досега во земјава, зошто да ечи името на една Нина Ангеловска како министер за финансии низ славните холови на вечноста?

Боговите станаа гневни, тие сега посегнуваат по неколку врвни имиња, на кои грбот им станал превиткан од знаење и искуство, ги изговараат со стравопочит, еден Џевдет Хајредини, еден Абдулменаф Беџети, еден Петар Гошев, еден Никола Поповски, еден Таки Фити,  еден Трајко Славевски, а зошто не и една Анета Ангеловска- Бежоска, еден, еден, доволно е само еден, една, не ги имаме многумина.

Боговите се разбеснија, никој не може да ги смири, бараат докази, бараат светлина низ биографиите на овие луѓе погоре, копеат по еден мал блесок за зачеток на успешни фирми, докажан бизнис ум, иноваторство, знаење и вештини, идеи, господа, идеи пред сè .

Тоа се тие бездни во кои пропаѓаат нашиве богови, главите се наведнуваат кога нашиве акaдемици, научници  и професори  со тоа премногу знаење, со тие предолги години искуство ништо не монетизирале, не ги направиле вносни децениите поминати низ книгите и томовите, ништо тие не знаеле да капитализираат во опиплив материјален доказ, како што е една успешна фирма, добога.

Тоа е нивниот пад, нивното конечно проклетство на кои тие се сопнуваат и треснуваат на теме, како што и треба да завршат самопрогласени богови, наведнати само врз науката, наместо да ја сфатат вистинската вредност на профитот добиен во сопствена фирма- тој профит само може да биде единствено мерило за успех и вредност на еден чесен човек, жеден за општествено признание.

Да, боговиве разулавени бараат барем невидлив траг на младоста кај овие средовечни мажи и таа не така веќе млада и по малку и свената од умор- гувернерка. Но тие кутрите се веќе пред портите на пропаѓање, не можат ниту тоа да го понудат, ја немаат свежината, сјајот, еланот кој го носи младоста, јуришот низ  ѕидовите кога храброста ја води таа росна младост.

Ако сакате богови, можеме да говориме и за бистрото око, кое само може да го има младостс,  кое ги препознава цифрите, ги селектира и меморизира, ги подредува по колони, ги издвојува како предности, ги сече и пакува, којзнае што се не може да се направи во неразбирливите поими на една прогресивна фискална политика, о, богови, замолчете.

                               Боговите ги бараат изгубените девојки

Конечно бараат да видат барем доказ дека и жените се еднакви човечки суштества кои имаат право да ја отфрлат злата судбина за создавање на баланс на Земјава, сепак за тоа и се создадени дамите, простете богови, простете ветришта кои ја разнесуваат надежта. Но, господа, таков доказ не постои, во ништавилото не можете да барате еволутивен развој на првобитна материја каде што застанал и никогаш не се помрднал всушност женскиот свет, зарем не?

Сето тоа ги докрајчува и ги сопнува боговиве, затоа што ништо од ова не поседуваат академициве, професориве, поранешниве министри за финансии, дури ни гувернеркава, која е именувана само заради проклетиот родов баланс а не заради некоја бизнис успешност во сопствена фирма, ако бидеме докрај чесни и одговорни пред бесот на боговите.

Боговите се сепнаа кога ги слушнаа одеците кои доаѓаат од сите страни: ова е земја во која уморните и очајните бараат правда веќе втора деценија по груевизмот, и зарем во сета таа збрка и викотници, името на една млада, успешна девојка навистина ли би ги потемнило страниците на историјата, кои стануваат сè повеќе замачкани, извалкани и искинати, па нека се докрајчат, и онака веќе не е ни важно, ајде, не замолчувајте сега богови, вие непрокопосани богови.

Но ако навистина сакате бесот да го негувате и понатаму, вие богови, вперете го во луѓето кои ја именувале и ја втурнале во земјата на чудата во што ја претворија оваа земја.

Сега сите наеднаш почнаа да се прашуваат за изгубените девојки кои го добиле на послужавник патот кој на секој не му се дава шанса да го проодува, наместо да го постават вистинското прашање- каде се луѓето кои навистина треба да ги барате и да им наплатите за сите наши изгубени соништа, и по некоја дамнешна младост за која никој навистина и не жали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.