По изданието на француски јазик, неодамна, во издание на унгарскиот издавач „Накпут Киадо“, се појави еден од бестселерите на македонската книжевност, романот „Вештица“ на Венко Андоновски. Преводот е на Анамариа Панзова.
Ова е петти јазик на кој е објавена „Вештица“. Претходниот роман на Андоновски, „Папокот на светот“ досега е објавен на осум јазици.