Денеска од 9 часот без вода ќе бидат делови од скопските населби Дебар Маало и Тафталиџе.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи во Скопје, поради уличен дефект од Ф-80 мм. на „Јордан Хаџи-Констатинов Џинот“ бб, кај кафеаната „Кај Жабарот“, прекин во водоснабдувањето ќе корисниците од улиците „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“, „Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, како и делови од булеварот „Илинден“ и улицата „Наум Наумовски Борче“ во Дебар Маало.
Поради изведување на приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-100 мм. на улица „Осло“ број 29 во населба Тафталиџе, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа и од улицата „Бањалучка“.
Корисниците во двете населби ќе бидат без вода до завршување на работите.