Муарем Демиров, човекот кој спиеше пред болниците каде досега не му била пружена помош, од денеска е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија каде ќе му биде извршена хируршка интервенција.
„Завчера медиумите објавија вест за пациентот Демиров кој има хронични проблеми од пред шест месеци. Мојот кабинет беше комплетно ангажиран околу тоа и денеска пациентот е хоспитализиран. Ќе му се даде целосна лекарска помош, а потоа, заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе се обидеме да го сместиме во некој од домовите низ Македонија“, рече Таравари откако го посети Демиров на Клиниката.
Откако меиумите објавија дека Демиров со полураспаднати стопала спие пред болниците, Министерството за труд и социјална политика презема мерки з а негово згрижување.Демиров прво е сместен во Центарот за згрижување на бездомни лица во Чичино Село, а по операцијата ќе биде сместен во ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ каде што ќе му биде овозможено негово целосно закрепнување и рехабилитација.