Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, се повлекува од челната функција. Тој информацијата ја соопштил на состанокот на акционерите и најавил дека ќе се повлече на 5 јули, јави Блумберг.
Уште во февруари годинава Безос објави дека ќе ја напушти функцијата извршен директор до крајот на 2021 година, но не прецизираше кога точно тоа ќе се случи.
Позицијата извршен директор ќе му припадне на Енди Џеси, кој сега е на чело на „Amazon Web Services“, што се чуваат на клауд. Безос ќе стане извршен претседател на компанијата и ќе се фокусира на нови проекти и иницијативи.