Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Би-Би-Си: Масовна гробница откриена во Ирска – Калуѓерки фрлиле стотици бебиња во септичка јама

0
By Zoran Ivanov on July 13, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 13, 2025 21:44

Кон средината на јуни оваа година, беше најавено долгоочекувано форензичко ископување во поранешен „Дом за мајки и деца“, каде што се верува дека се закопани останки на речиси 800 бебиња и деца, во округот Голвеј, Ирска.

Со години немаше документација, надгробни споменици или спомен-обележја што би укажувале на трагедијата. Сето тоа се промени во 2014 година, кога локалната историчарка Кетрин Корлес откри докази дека 796 деца биле закопани во поранешна септичка јама во градот Туам во западна Ирска.

Ексхумацијата, која се очекува да трае две години, започнува утре. Багерите веќе пристигнаа на тревната парцела покрај детско игралиште на местото на поранешниот Дом за мајки и деца „Света Марија“. Домот, управуван од калуѓерките Бон Секурс, примил илјадници жени и деца помеѓу 1925 и 1961 година. Многу од жените забремениле надвор од брак и биле напуштени од своите семејства. По породувањето, многу мајки биле насилно одделени од своите деца и изолирани од општеството.

Според официјалните записи, првото дете што починало бил Патрик Деран во 1925 година, а последното Мери Карти во 1960 година. Во тие 35 години, починале уште 794 деца. Поранешниот ирски премиер Енда Кени го опишал местото како „комора на ужаси“.

До првата конкретна трага, историчарка Кетрин Корлес дошла откако гробар ја однел на тревник покрај игралиште, каде што се наоѓало мало светилиште. Тој ѝ кажал дека во 1970-тите, две момчиња си играле таму и откриле дупка со човечки коски под бетонска плоча. Властите биле известени, но тие едноставно ја пополниле дупката.

Многумина во тоа време верувале дека останките се од времето на Големиот глад во Ирска, бидејќи пред домот, местото било институција за сиромашните и бездомниците каде што работеле во замена за сместување и храна.

Но Корлес знаела дека жртвите од глад биле закопани на обележана парцела недалеку од местото. Кога споредила стари мапи, видела дека областа била обележана како „септичка јама“, а на една мапа од 1970-тите, некој рачно напишал „гробишта“.

Таа побарала од матичната служба список на сите деца што починале во домот. Очекувала околу дваесет имиња, но пристигнале речиси 800. Потоа ги пребарала сите познати гробишта во округот Голвеј и соседниот Мајо, но не пронашла гробови. Заклучила дека останките на сите овие деца најверојатно биле закопани во септичка јама.

Во 2017 година, ирската влада ги потврди наодите на Корлес. При пробна ексхумација е пронајдена „значајна количина човечки останки“, почнувајќи од бебиња кои починале пред или за време на раѓањето, па сè до деца на возраст од само три години. Тоа нема никаква врска со Големиот глад – тоа беа телата на децата од домот.

Ексхумацијата, прва од ваков вид во светот, започнува утре. Даниел МекСвини, кој го води проектот изјави дека станува збор за сложена постапката – коските се измешани, а фемурот на новороденче е со големина на прст на возрасен.

„Мораме да ги извадиме исклучително внимателно за да имаме шанса за идентификација“, рече тој. За многу семејства ова значи долго чекање, но и надеж дека конечно ќе ја дознаат вистината за браќата и сестрите што никогаш не ги запознале, објави Би-Би-Си, британскиот јавен сервис.

 

бебиња Би Би Си Ирска убиени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 31, 2026

ССМ денеска на прес конференција ги најави блокадите

ВЕСТИ January 31, 2026

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, на прес конференција соопшти дека…

Камерите на Безбеден град од утре ќе регистрираат казни – ќе санкционираат од 15 до 200 евра и ќе сведочат за одзема дозволи

January 31, 2026

Трамп: Со голема армада се движиме кон Иран па ќе видиме што ќе се случи натаму

January 30, 2026

ЦИВИЛ ги повика сите хумани луѓе да се приклучат на хуманитарната акција: Топлина за Украина

January 29, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.