Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на својот украински колега Володимир Зеленски, за време на расправијата во Белата куќ,а дека „нема карти во рацете без Америка“.
BBC во својата кратка анализа пишува дека реалноста сега се чини станала јасна, неколку часа откако Вашингтон ја прекина сета воена помош за Украина.
Во еден твит, Зеленски попушти – барем кога станува збор за американскиот претседател, ако не и за Русија. Сепак, тој изрази подготвеност да размисли за делумен прекин на огнот – во воздух и во море – доколку Москва го стори истото, пишува дописникот на BBC за Европа, Дени Аберхард.
Зеленски предмалку на Х напиша дека е подготвен за договор предводен од САД што е можно поскоро и изрази жалење за расправијата во Овалната соба за време на состанокот со Трамп и неговиот потпретседател ЏејДи Венс.
Тој повторно се заблагодари на Америка, конкретно спомнувајќи го Трамп, за нејзината претходна помош и рече дека е подготвен да потпише договор со САД за минерали.
Украина издржа тригодишна сеопфатна инвазија на нејзиниот непријател Русија. Но, дејствијата на сојузниците ја оставија разоткриена нејзината слаба страна – радикалната промена во надворешната политика на САД под претседателот Трамп, заклучува BBC во својата анализа.