Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бигорски манастир со вонредно соопштение за богослужбата за Света Пасха

0
By НОВА ТВ on April 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир преку вонредно соопштение  се обрати до верниците и почитувачите на манастирот, во врска со богослужбата за Света и Велика Пасха.

-Возљубени верници и почитувачи на Бигорскиот манастир. Ве известуваме дека со оглед на тоа што полицискиот час за Велигден е укинат, манастирот нема да врши директен пренос на социјалните мрежи на богослужбата за Света и Велика Пасха, бидејќи на верниците им се дозволува да отидат во храмовите, под услов да ги запазат предвидените мерки за здравствена заштита, стои во соопштението.

Се додава дека во контекст на ова, а и поради фактот што препорачаниот капацитет на манастирскиот соборен храм е речиси пополнет со бројот на монасите, монахињите од сестринските манастири, штитениците и луѓето што престојуваат во манастирот, ќе биде обезбеден пренос на богослужбата на голем видео-екран што ќе биде поставен во дворот.

-На овој начин сите што ќе дојдат во Воскресенската ноќ ќе имаат можност да го следат во живо Пасхалното торжество. Ви посакуваме добро Воскресение на сите, се порачува во соопштенето.

Инаку, минатата година поради пандемијата  братството  на Бигорскиот манастир и сестринството од манастирот во Рајчица, без присутво на верници, освен затекнатите по прогласувањето на мерките за изолација, отслужија богослужби за Велики петок и Велика сабота.

Вечерната богослужба со симнувањето на Христа од крстот, полагањето на светата Плаштаница, погребението Христово и полагање на светата Плаштаница во Кувуклијата и оплакувањето на Христа преку директниот пренос беше проследена од над 250.000 луѓе од целиот свет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.