Бранислав Бореновиќ, потпретседателот на Партијата за демократски прогрес (ПДП) денеска прогласи победа за лидерот на партијата Младен Иваниќ. Иваниќ води со 100 гласа пред Жељка Цвијановиќ од Сојузот на независните социјалдемократи.
>> Избори во БиХ: Водат националистите
Од досега обработениот материјал на 95.5 отсто од гласовите, според последните информации Иваниќ освоил вкупно 297, 751 глас, додека Цвијановиќ 296.640.
Бореновиќ вели ПДП очекува осум пратеници во Народното собрание на Република Српска, додека коалицијата ПДП-НДП очекува двајца пратеници во Парламентот на Босна и Херцеговина.
Партијата на Жељка Цвијановиќ пак на конференција за новинарите во Бања Лука соопшти дека речиси е сигурно дека претседател на Република Српска ќе биде Милорад Додик.
Според партијата, нивната коалиција ќе има мнозинство во Народното собрание на Република Српска.