Во интервју за порталот Нова тв, универзитетскиот професор Мерсел Биљали на прашањето дали се можни предвремени избори вели дека тоа е логичен исход на нештата.
При таква реалност посакувам само Господ да се грижи за нас, оти ние немаме луѓе на кои би се надавале. Да не беше така немаше да се доведеме до вакво срамно дереџе. Од второрангирана држава по сите прашања (после Словенија), сега сме само пред Косово. И таа веројатно брзо ќе не надмине. Замислете, нас не третираат како некој сиромашен комшија старец кој цело време е кавгаџија со сите, вели професорот Биљали за Нова тв.