Новинарката на НОВАТВ Билјана Секуловкса попладнево е спречена да ги следи тензичните настани пред Собранието откако група демонстранти од Иницијатива „За Заедничка Македонија“ прво вербално, а потоа и физички со удари, гребење, штипење и влечење за рацете ја нападнаа среде следење на настанот. НОВАТВ информира дека Секуловска нема повреди.
Новинарите кои работат во медиумите кои што ВМРО ДПМНЕ ги смета за непријатели и ги етикетира како „предавнички“ имаат тешкотии да ги следат денешните настани, а за време на протестите на оваа иницијатива имаше повеќе инциденти.