Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ објави изјава за Венецуела: Мора да се почитува меѓународното право – Унгарија игнорира

0
By Zoran Ivanov on January 5, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
EU Flags at the European Commission Building
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 5, 2026 13:55

Европската Унија повика на смирување на тензиите и воздржаност од сите актери во Венецуела во соопштение поддржано од 26 земји членки. Единствената членка што не ја потпиша изјавата е Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан е близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Европската Унија ги повикува сите актери да бидат смирени и воздржани за да се избегне ескалација и да се обезбеди мирно решение на кризата. ЕУ потсетува дека, под сите околности, мора да се почитуваат принципите на меѓународното право и Повелбата на ООН. Членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации имаат посебна одговорност за почитување на тие принципи, како столб на меѓународната безбедносна архитектура.

ЕУ постојано изјавува дека Николас Мадуро нема легитимитет на демократски избран претседател и се залага за мирна транзиција кон демократија под водство на Венецуела, почитувајќи го нејзиниот суверенитет. Правото на венецуелскиот народ да ја одреди својата иднина мора да се почитува.

ЕУ го дели приоритетот на борбата против транснационалниот организиран криминал и трговијата со дрога, кои претставуваат значајна закана за безбедноста низ целиот свет. Во исто време, ЕУ нагласува дека овие предизвици мора да се решат преку одржлива соработка со целосно почитување на меѓународното право и принципите на територијален интегритет и суверенитет, се вели во соопштението.

Оттаму додават дека се во контакт со САД, како и со регионалните и меѓународните партнери, со цел, како што посочуваат, да се поддржи и олесни дијалогот со сите вклучени страни, што „ќе доведе до демократско, инклузивно и мирно решение на кризата, под водство на Венецуелците.

„Почитувањето на волјата на венецуелскиот народ останува единствениот начин Венецуела да ја врати демократијата и да ја реши сегашната криза. Во овој критичен момент, важно е сите актери целосно да ги почитуваат човековите права и меѓународното хуманитарно право.

Сите политички затвореници што се моментално притворени во Венецуела мора да бидат безусловно ослободени. Конзуларните власти на земјите членки на ЕУ тесно соработуваат за да ја заштитат безбедноста на граѓаните на ЕУ, вклучително и оние што се нелегално притворени во Венецуела, се појаснува во соопштението.

 

Венецуела ЕУ меѓународно право
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.