Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимовски најави можно намалување на цената на струјата од април-Бордот го реизбра за претседател на регулатори на ЕЗ

0
By Mirjana on November 30, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Fotor: Faktor.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Намалување на цените на електричната енергија може да се очекува од втората половина на април следната година, но тоа намалување е во однос на денешните, поскапени цени, а не во однос на цените од минатата година, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина претседателот на Регулаторната комсија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, кој за време на претседавањето на 50-тиот Борд на регулатори на Енергетската заедница што се одржува во Атина, по втор пат беше избран за претседател на Бордот.

Бислимоски го изразува неговото задоволство што Регулаторната комисија за енергетика, по втор пат има претседтаел кој ќе претседава со бордот на регулаторни тела „што претставува признание и за работата на нашата институција” и потсетува дека пред само неколку дена РКЕ стана набљудувач во Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на ЕУ (ACER), што всушност е тело на европските регулаторни тела, формирани од Европската Комисија.

– Реално сме Регулаторна комисија за енергетика која што е рамо до рамо со сите регулаторни тела од Европската Унија, истакнува Бислимоски и додава дека во ACER, од регионот, право на набљудувач имаат само црнгорското регулаторно тело и од пред неколу дена и македонското регулаторно тело.

На денешниот состанок во Атина, освен избор на нов претседавач, фокусот бил ставен на актуелната енергетска криза, нешто што ќе биде и главното прашање за новиот Борд на регулатори на Енергетската заедница.

– На овој состанок, најмногу сме фокусирани на енергетската криза, која што е во голем дел ценовна криза, а и во одредени земји веќе е криза која што се однесува на сигурноста во снабдувањето и со електирчна енергија и со природен гас. Покрај претставници од регулаторните тела од земјите од регионот, на состанокот имаме и претставници од Европската Комисија, а исто така и престставник од ACER од регулаторите на Европската Унија, кои веќе ни ги споделуваат нивните искуства и нивните препораки кои се издадени кон сите земји членки. Она што особено ме радува е дека тие препораки, во најголем дел веќе се имплементирани во нашата земја, но и во останатите земји, како на пример, намалување на ДДВ, помош за ранливи категории на потрошувачи и слично, објаснува претседателот на РКЕ за МИА.

Со оглед на тоа што на состанокот освен земјите од регионалната Енергетска заедница, учествуваат и претставници на ЕК, во разгворот за МИА, Бислимоски открива кои се сценаријата за крајот на енергетската криза.

– Нашите пријатели од Европската Комисија кажаа дека во Европа повеќе не се кажува до кога ќе трае енергетската криза, бидејќи што и да кажале во изминатиот период било промашено како датум. Посоти гледање дека намалувањето на цените може да се очекува од втората половина на месец април, па понатака. Но, тоа намалување, да знаеме сите, значи намалување во однос на сегашните цени, во однос на драстичното поскапување, објаснува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.

Посочува дека во однос на минатата година тоа подразбира цени за најмалку два пати повисоки отколку што ги имавме во првиот дел од годинава.

– Тоа намалување е, да не биде 220-230 евра, туку да падне на 110 -120 евра. За такво намалување станува збор, но тоа 110-120 евра за мегават час што го нарекуваме намалување, всушност претставува зголемувње во однос на минатата година за повеќе од два пати, за жал. Но, верувам дека сега ќе ги чуеме и искуствата од другите земји, а во некои од нив, сигурно ќе бидат вклучени и Владите со цел да се стабилизира колку што може ситуацијата во енергетскиот сектор, истакнува Бислимоски.

Додава дека по завршувањето на состанокот во Атина, како Борд на регулаторни тела ќе излезат со заеднички заклучоци, „кои пред сè ќе се базираат на солидарност и меѓусебната поддршка”, но и дека е можно да има барање да се вклучат и владите „со цел да го помогнат влијанието во оваа енергетска криза”.

– Ние не можеме да бидеме изолирани, да кажеме ќе немаме никакви промени кога драстично се зголемени трошоците, но ќе побараме сите чинители во енергетскиот сектор да бидат солидарни и да бидат вклучени и владите во земјите членки на Енергетската заедница со цел да се намали оваа енергетска криза, додава Бислимоски за МИА.

Анализирајќи ја ситуацијата во регинот, вели дека особено е лоша ситуацијата кај земјите што се увознички на електрична енергија и природен гас, а тоа се Северна Македонија, Молдавија, Косово, во одреден дел и Црна Гора зашто цените се драстично зголемени.

Од друга страна вели дека во Босна и Херцеговина ситуацијата е порелаксирана, бидејќи се извозници, особено на електрична енергија, додека во Украина ситуацијата, како и претходно е малку нестабилна, бидејќи, како што вели, имаат проблеми со домашното производство на јаглен.

За Србија, коментира дека ситуацијата е неутраулна, бидејќи во најголем дел, своите потреби од електрична енергија ги обезбедуваат од сопствено производство, но вообичаено во зимскиот период увезувааат, па, како што посочува, ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата и во Србија.

Во декември 2019 година, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), едногласно беше избран за претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница на тогашниот редовен состанок, а денеска доби нов, двегодишниот мандат.

Дел од Енергетската заедница, освен Северна Македонија се и Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија, Украина и Албанија.

БИСЛИМОВСКИ реизбран за претседател на Бордот регулатори на Енергетска Заедница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.