„Продажбата на ноќните вишоци на електрична енергија од страна на ЕСМ само ја намалуват производната цена и загубите на ЕСМ. Ние произведуваме електрична енергија со просечна цена од 67 евра за мегават час во термоелектраните, а вишоците ги продаваме за 360 евра. Не ја сфаќам логиката дека сме нанеле штета на државата, ако продаваме за шест пати повисока цена“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Вин-Вин на Телма.
Тој додаде дека е подготвен да се откаже од ваквите политики доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски објаснат како се нанесува штета дококу се продава производ шест пати поскапо од производната цена.
„Ако имаат потреба вишоците може да ги добијат и нашите стопанственици, но преку ноќ нема потреба, затоа се нудат на берза“, рече Битиќи.
Вицепремиерот кажа дека вишоците од термоцентралите се нудат на пазарот по берзански цени и таму се пријавуваат сите компании кои тргуваат со електрична енергија.