Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Економијата закрепнува – нова бескаматна кредитна линија на располагање на компаниите

0
By НОВА ТВ on July 7, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Економијата полека, но сигурно закрепнува“, уверува вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој кажа дека оваа тенденција ја покажуваат сите макроекономски показатели и статистички параметри.

-Владата во изминатата една година и четири месеци направи сериозни напори да го помогне стопанството, особено за да ги амортизира последиците од глобалната корона криза. Сега можеме да кажеме дека економијата е во пораст, вели Битиќи.

Тој откри дека индустриското производство е континуирано во пораст последните три месеца, односно во март растот изнесувал 7,6%, во април 46%, а во мај растот на индустриското производство бил 16%. Битиќи додаде дека извозот расте со стапка над 44%, а покриеноста на извозот со увозот изнесува 73,7%.

Според вицепремиерот за економски прашања властите се поблиску се до исполнување на ветувањето за 500 евра просечна плата, бидејќи во моментов просечната плата изнесува 28.430 денари и додаде дека сега се вработени 793.121 лице, а стапката на невработеност е стабилна – 16%.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, пак, истакна дека 2021 година е година на заздравување на економијата, но и за постигнување брз и одржлив економски раст. Тој откри дека приоритети на власта се зголемување на растот на 4-5% на годишно ниво, како и раст на плати за 20-30% на кумулативно ниво на среден рок.

Бесими апелира компаниите да ги искористат средствата што им се овозможени преку новата бескаматна кредитна линија „Ковид 4“, односно вкупно 615 милиони денари, додавајќи дека дури до 50% од кредитот може да се искористи како грант.

-Очекуваме позитивни ефекти како што и досега имавме позитивни ефекти од трите кредитни линии, со кои се поддржаа ликвидноста и бројката на вработени, но и новите инвестиции, изјави Бесими.

Од друга страна, директорот на Развојна банка, Кире Наумов нагласи дека за новата линија „Ковид 4“ ќе може да аплицираат малите, микро и средни компании што имале најмалку 30% пад на приходите во 2020 година во однос на 2019 година. Тој додаде дека ќе може да се пријават компании од 23 шифри на дејност, а тука влегуваат оние од областа на превозот, угостителството, ивент индустријата, како и занаетчиите и приватните здравствени установи. На конкурсот нема да може да се пријават единствено фирмите кои користеле поддршка за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки .

-Максималниот износ на кредитот е 30 илјади евра, а минимален изнесува три илјади евра. Рокот на отплата е до 42 месеца, со грејс период од 12 месеци, изјави Наумов.

Тој кажа дека ќе може да се аплицира започнувајќи од 15 јули.

Што се однесува до можноста за грант ако за 10% се зголемил приходот, во тој случај 30% од кредитот ќе може да се трансформира во грант, а ако пораснал бројот на вработени, тогаш 20% од кредитотисто така ќе може да бидат грант.

економски раст Кире Наумов Фатмир Бесими Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.