Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Поскапувањето на струјата нема да биде како што некои сеат страв кај народот, рестрикции нема да има

0
By Mirjana on December 25, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема да има рестрикции на струја по Нова Година. Ќе има доволно количество на електрична енергија, а поскапувањето нема да биде како што некои сеат страв кај граѓаните, порачува вицепремиерот за економски прашања, координација со економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи во предновогодишното видео интервју за МИА.

Тој не сака да навлегува во предвидувања колку ќе поскапи струјата по 1 јануари, но нагласува дека како Влада направиле се што е во нивна моќ за да осигураат евентуалното поскапување да не биде како што некои најавуваат.

– Знам сигурно една работа што ќе се случи, а тоа е дека за граѓаните ќе обезбедиме доволно електрична енергија, не само во јануари, туку и понатаму, што значи дека потребите за електрична енергија нема да се загрозат. Тоа значи дека нема да има рестрикции. Тоа можам да го гарантирам. Знам дека како Влада се што беше во наша моќ сторивме за да се осигура дека поскапувањето евентуално по 1 јануари не биде големо како што некои навестуваат. Јас гарантирам дека нема да биде како што некои сакаат да сеат страв кај граѓаните. И ќе продолжиме да инвестираме во обновливи извори на енергија, истакнува вицепремиерот.

За ранливите категории на граѓани ќе бидат обезбедени ваучери за енергетски додаток и ќе се прошири целната група.

– И претходно го имаа овој додаток, но тој беше вкалкулиран во социјалната помош. Тој ваучер сега ќе се прошири со поголема целна група и ќе оди директно како енергетски додаток за да се ублажи евентуалниот удар од можното зголемување, вели Битиќи.

За цените на основните прехранбени продукти кои се замрзнати до 31 јануари, вицепремиерот вели дека будно се следи ситуацијата и доколку е нужно, ќе бидат воведени и други мерки.

Битиќи не е застапник на тоа Владата да интервенира во пазарната економија со замрзнување на цените и со лимитирање на маржа, бидејќи смета дека сите чинители во општеството треба да бидат совесни и да не ги користат евентуалните можности за да ги зголемуваат цените, но, за жал, како што вели, се уште како општество не сме дораснати за вистинските пазарни вредности.

– Има еден концепт за кој се залагам повеќе од 20 години, а тоа е дека секогаш кога правиш нешто, прави го, но да не му наштетиш на другиот. Тоа значи да профитираш за себе, но ако заради твојот профит, тоа го правиш на грбот на стотици луѓе, сметам дека тоа не е етички и морално и според правилата на игра не би требало да се применува. Јас сум еден од првите кој најави дека ќе бидеме многу ригорозни кон компаниите ако има здружување и договарање на цени на одредени продукти затоа што тоа му наштетува на основниот принцип на пазарната економија. Јас сум поборник да елиминираме такви појави, а не да замрзнуваме цени. Но за жал, моравме да го направиме тоа затоа што во нашето општество не сме се уште дораснати за вистинските пазарни вредности кои треба да ги имаме, нагласува вицепремиерот Битиќи во интервјуто.

Битиќи за струја нема да поскапи како што некои сеат страв кај народот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.