Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Речиси 10 милиони евра за финансиска помош на уостителите

0
By Нова ТВ on April 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Денес е објавен јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29 и 56.30, кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости во сите угостителски објекти и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги. На тој начин Мерката 3 од шестиот пакет е операционализирана и на 6000 компании кои вработуваат околу 17 илјади лица, на располагање им се ставаат 9,9 милиони евра за поддршка, колку што се проектирани со мерката”, соопшти заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на редовната седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, на која претставниците на Владата дискутираа со претставници на четирите најголеми стопански комори во земјата, кои се и членки  на Платформата за јавно-приватен дијалог.

Вицепремиерот нагласи дека аплицирањето за добивање на поддршка преку оваа мерка е многу едноставно и е направено така за да не се оптоваруваат компаниите со дополнителни административни обврски, а компаниите ќе може да аплицираат до 10-ти мај 2021 година.

– Сите компании кои се со приоритетни шифри на дејност 56.10, 56.29 и 56.30, без разлика дали вршеле промет со достава во периодот од 7-28 април 2021 година, ќе може да аплицираат за поддршка која ќе има две нивоа и притоа ќе може да добијат еднократна помош од 30% од просечен месечен приход за годините 2019 и 2020, помножен со соодносот на денови кога им било ограничено работењето, како и еднократна помош од 15.200 денари по вработен, пришто за пресек на вработени ќе се земе 6 април 2021 година. Овие компании дополнително може да ја искористат и поддршката за исплата на плати за месеците февруари и март, така да сметаме дека ова е праведен надоместок за компаниите од угостителскиот  сектор чија дејност беше ограничена со одлуката на Владата”, нагласи Битиќи и посочи дека преку оваа мерка се стимулираат овие компании да го зголемат бројот на вработени до крајот на годината, затоа што на тој начин нема да имаат обврска да ги враќаат средствата добиени како поддршка, додека ако намалуваат вработени ќе треба да вратат 50% од добиената поддршка, односно ќе треба да вратат 20% од поддршката, ако бројот на вработени остане непроменет со пресек на 31.12.2021 година.

На денешната седница на Комисијата, освен вицепремиерот Фатмир Битиќи, учествуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, државната секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски, додека коморите беа претставени од нивните претседатели: Бранко Азески (Стопанска комора на Македонија), Данела Арсовска (Сојуз на стопански комори), Неби Хоџа (Стопанска комора на Северозападна Македонија) и Анета Антова Пешева (МАСИТ).

На средбата зборуваше и министерот за финансии Фатмир Бесими кој го претстави планот за операционализација на другите мерки од шестиот пакет со особен фокус на трите нови кредитни линии кои ќе бидат воспоставени преку Развојната банка, насочени кон медиумите, компаниите кои ја реинвестирале добивката и Ковид 4 кредитната линија, кои ќе бидат во вкупна вредност од околу 13 милиони евра. Бесими зборуваше и за статусот за измени во Законот за царински тарифи, пришто истакна дека во периодот кој следи овој процес ќе добие на интензитет, пред се во насока на подигнување на конкурентноста на домашната економија.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, ги информираше присутните за активностите поврзани со новиот Закон за работни односи, кажа дека нацрт законот е поставен на ЕНЕР, сите коментари ќе бидат внимателно разгледани, а дека Предлог законот повторно ќе се дискутира со сите социјални партнери, пред негово финално усвојување.

Државната секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, посочи дека во напредна фаза е формирањето на Комитетот за туризам, коешто е барање од сите стопански комори и ќе треба на системски начин да креира политики и мерки за туризмот, како една од најпогодените гранки од пандемијата, за што сите членови на коморите изразија задоволство.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска соопшти дека сите активности поврзани со мерката за поддршка за исплата на плати се одвиваат непречено, за февруари се одобрени апликации од 11.541 компанија, кои вработуваат 31.294 лица, додека за март одобрени апликации имаат 11.274 компании со 27.887 лица, бројки кои покажуваат дека се намалува бројот на компании и бројот на вработени за кои се побарува поддршка.

Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски ги извести присутните дека во Регистарот на вистински сопственици веќе се евидентирани околу 90% од регистрираните субјекти, додека најголемиот дел од оние кои не се регистрирани се субјекти кои подолг временски период немаат економска активност, ниту контакти или сметка во банка.

Состаноците на Комисијата за јавно-приватен дијалог се одвиваат редовно, најчесто еднаш во месецот во последната недела од месецот, а на нив се дискутираат сите прашања и барања на коморите, како и активности кои се важни за подобрување на бизнис климата и побрз и одржлив економски развој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.