Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Со новиот пакет на антикризни мерки, бизнисот ќе биде поддржан со над 492 милиони евра

0
By Ана Василевска on November 30, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, кој Владата го усвои во вторникот, содржи 26 мерки со кои се обезбедува финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани и компании за полесно да ги надминат потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза, се вели во соопштението проследено од кабинетот на заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Една од мерките е издавањето на зелена обврзница во износ од 10 милиони евра во денарска противвредност, односно зајакнување на кредитната линија за поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) во делот на енергетската ефикасност и зелената транзиција.

Новиот пакет на мерки, како што соопштија денеска од владината прес-служба, овозможува и проширување на опсегот на компании кои се корисници на гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање. Оваа мерка нема фискални импликации. Го прошируваме, се подвлекува, опсегот на компании корисници на гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање, за што ќе бидат наменети 40 милиони евра.

Преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) се воведува седма кредитна линија за зелена транзиција, односно за развој на зелена економија преку инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

– Од нив, 30 проценти се наменети за инвестиции во проекти со енергетска ефикасност и обновливи извори и 70 проценти други намени, а поврзани со зелената транзиција на нашата економија. Целта на оваа мерка е долгорочна заштеда на средства преку намалена потрошувачка на електрична енергија, истата има проценето влијание од 200 милиони евра. Меѓу другото, добиваме и поволна кредитна линија од 100 милиони евра од Француската агенција за развој за поддршка на инвестиции во проекти со позитивен придонес врз животната средина и во проекти што придонесуваат за намалување на негативните ефекти од климатските промени и адаптација, поддршка на женското претпримеништво и финансирање на процеси на дигитализација, се наведува во соопштението.

Исто така, ќе се обезбеди поволна кредитна линија од 100 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за финансирање на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) за создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претпримеништво и/или зелени инвестиции.

Деветтиот пакет антикризни мерки кој Владата го усвои во вторникот, воведува инструмент за зелено финансирање, во соработка со Европската банка за обнова и развој, Програмата за развој на Обединетите нации и комерцијалните банки „Green finance“, со проценето влијание од околу 42 милиони евра кои ќе им бидат ставени на располагање на крајните корисници преку домашните комерцијални банки.

– Во насока на надминување на кризата со млекото, односно намалување на цените на млекото и млечните производи, дозволен е влез на пазарот на млеко од сува суровина. Владата да одобри користење на дехидрирано млеко како основа за производството на млеко и млечни производи, сепосочува во соопштението од Владата.

Една од целите на новиот пакет пакет антикризни мерки е поддршката за зголемување на платите во приватниот сектор на достојно ниво, за што една од мерките е и ослободување од плаќање на придонеси за постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 денари до 9.000 денари.

За споредба, како што се појаснува во соопштението, ќе се зема последно исплатена плата на вработени, со исплатена плата до ниво на просечна месечна плата на национално ниво. Основот за споредба се зема од просекот на исплатените плати во последните три месеци за вработениот за кој се однесува мерката. Се ослободува делот од придонесот за разликата на покачениот износ на платата. Работодавачот плаќа данок на личен доход, а се ослободува од плаќање на здравствено и пензиско осигурување за делот за зголемувањето за период од 12 месеци. Мерката има цел намалување на даночната евазија и сивата економија, поддршка на приватниот сектор за исплата на повисоки плати.

Ваквата мерка која претходно беше еднаш воведена во 2019 година со можност за покачување на платите до износ од 6.000 денари и нејзината примена заврши во 2022 година беше искористена од преку 28.000 компании за околу 170.000 вработени кои добија покачување на платите.

– Со овие мерки за поддршка на зајакнувањето на приватниот сектор Владата воведува конкретни мерки за ублажување на економската криза и зачувување на конкурентноста на нашата економија, на тој начин штитејќи ги и граѓаните од сочувување на нивните работни места, но и создавајќи и услови за достоинствени плати, стои во соопштението.

Антикризни мерки Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.